Во првата недела по Педесетница, недела на Сите Светии, во манастирот „Сите Светии“ во село Лешани, Охридско, се отслужи света божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г.Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители. Кон мноштвото верен народ владиката се обрати со празнично слово. По завршувањето на светата Литургија, во дворот на манастирот се изврши мал Водосвет и се благословија и освети ја празничните лебови.
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
„Секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец небесен“ (Мат. 10, 32).
Nike shoes | New Balance 991 Footwear
Драги браќа и сестри,
Денеска Светиклиментова Македонска православна црква ги прославува сите светии. Може да се постави прашање: кои се овие сите светии? Сите свети се: пророците, и сите старозаветни праведници, апостолите и новозаветните светители; великомаченици, свештеномаченици, преподобномаченици и маченици; преподобни мажи, и преподобни жени и деви; непоколебливи исповедници; бесрсбреници и чудотворци; заради Христа јуродиви и сите останати свети.
Ги слушнавме зборовите што ги запишал светиот апостол Матеј. Овие зборови се на нашиот Спасител Господ Исус Христос, или поточно кажано тоа се Негова порака упатена до сите Негови следбеници. Со оваа порака Господ Исус Христос бара од сите нас верници дека имаме должност да покажеме со нашиот живот, со зборови а посебно со добри дела дека сме Негови следбеници. Пораката најпрво била упатена кон синовите на Израил како избран народ, а потоа и кон сите луѓе кои ја прифатиле Неговата наука, односно кои поверувале во Господа Христа.
Од историјата на Црквата знаеме дека ученикот Христов Јуда го предал својот Учител за триесет сребреници, и покрај тоа што Го следел секаде својот Учител, ги слушал Неговите проповсди и што видел многу чуда, лекување на болни од неизлечливи болести и воскреснување на умрени. Другиот пак, Христов ученик апостол Петар, коj се колнел дека никогаш нема да Го остави Христа, и дека е спремен и својот живот да го положи за Него, во најтешкиот момент од Неговиот живот, кога непријателите го фаќаат Христа и го судат, се одрекол трипати велејќи дека не Го познава.
Додека поедини се одрекувале од Христа, од историјата исто така знаеме дека многу христијани јавно Го исповедале Христа и Неговата наука; дека мнозина од нив биле гонети, затворани и принудувани да се откажат од Христа и Неговата црква и наука, бидејќи не сакале да се одречат од својата вера во Христа и биле убивани. Ова страшно гонење на христијаните траело првите три века се до 313 година кога царот Константин Велики ќе го издаде познатиот Милански едикт за слобода на христијанството.
Сите светии се оние кои со својот живот го запазиле Законот Божји и се удостоиле да го завршат својот живот како слуги на Бога, некои како маченици, некои како подвижници, некои како праведници и се овенчале со ореоли на небото како Божји угодници. Денеска сите тие се прославуваат и ова е прва недела по Педесетница нив им е посветена. Нив ги има, како се вели во повеќе црковни песни, како што се без' бројни ѕвезди на небесниот свот така се и Божјите угодници, и тие као ѕвездите што примаат светлост од сонцето Божјо, и во ноќта го осветлуваат патот на земните патници сé до изгрев на соцето преку денот Божји, така и Божјите свети, примајќи ја светлината на вистина од вечниот и жив Бог, Кој е „пат вистина и живот“, го осветлуваат духовниот живот и го покажуваат патот на овоземните патници, патот кој води во царството Божјо и вечниот живот.
Историјата на Црквата на своите страници со големи букви има запишано голем број на имиња на маченици и исповедници за Христа и Неговата наука. И нашата историја има запишано имиња од Македонски народ кои се удостоиле со ореоли на светители и маченици за Христа и Неговата света вера. Посебно се запишани многу имиња од нашиот род за време на петвековното Турско ропство, некои ги спомнуваме а безброј се запишани во вечната Божја книга.
Во денешно време по прашањето на јавно исповедување на својата вера во Христа, имаме две групи на луѓе. Едни јавно се одрекуваат, а други јавно ја исповедуваат. Едни и денеска отпаѓаат од Христа и Неговата вера, одрекнуваат постоење на некоја невидлива небесна сила. Тука доаѓаат оние што себе се нарекуваат атеисти, сметаат дека религијата е нешто надживеено, застарено, дека е таа против нивното политичко уверување, против напредок на културата и напредок на современото општество.
Знаеме дека Господ Исус Христос од љубов кон човечкиот род доброволно страдал и бил распнат на крст, за да не спаси од ропството на гревот, и многубројните безаконија.Таа Негова жртвена љубов очекува и ние, неговите следбеници, да бидеме спремни на извесни жртви заради Него и Неговата Божествена и спасоносна наука. Он е нашата надеж и нашата крајна цел; ние со нашиот богоугоден живот, а со помошта Божја да се приближиме кон
Него, и преку благодатта во светите црковни тајни, а посебно преку светата тајна Причест, да се соединиме со Него. Преку Тајните црковни да ги измиеме нашите гревови и да постанеме вистински и достојни синови на нашиот Отец небесен. Да се подготвиме со нашиот чесен и праведен живот на земјава, за во денот на општото воскресение и страшниот но праведен за праведници суд, воскреснатиот Христос и нас да не воскресне за вечен и блажен живот.
Заради тоа потребно е оние кои веруваат во Христа насекаде и секогаш да Го исповедаат Христа, и со збор и со дела и најповеќе со побожен живот, та без срам и било каков страв да Го следат Христа, да одат по Него; знаејќи дека Он е секогаш со нас, бидејќи има речено на Своите ученици: „Нема да ве оставам сираци; ќе дојдам при вас. Јас ќе го помолам Отeцот, и Он ќс ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека“ (Јн.14, 18 и 16).
14.06.2009 година, Недела на Сите Свети - Лешани, манастир „Си Свети“