Споменот за светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, свечено со празнични богослужби традиционално се одбележа во истоимениот манастир кој се наоѓа во непосредна близина на Охрид. По тој повод, на 14-ти јуни во вечерните часови Митрополитот г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители отслужи празнична вечерна. Култот кон овој светител во Охридско-струшкиот регион е голем, бидејќи неколку години пред крајот на својот живот свети Еразмо Евангелието го проповедал во Лихнидос, денешен Охрид. Сè до доцните вечерни часови, а исто така и наредниот ден, река од верен народ трпеливо и со молитва чекаа да влезат, да се поклонат и помолат во црквата и во пештерата во која се подвизувал светиот Еразмо и на тој начин да ја изразат својата чест кон светителот. Утредента, на 15-ти јуни во 8 часот започна утринската богослужба по која следеше и света архиерејска Литургија. По за вршувањето на Литургијата, Владиката заедно со останатите свештенослужители се упатија кон изворот, кој се наоѓа под манастирот, каде што се изврши мал Водосвет и се благословија и прекршија празничните лебови.

bridge media | Nike Dunk Low Coast UNCL - Grailify

sverazmo1

sverazmo1

sverazmo1

sverazmo1

sverazmo1

sverazmo1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2