На 11 април 2010 година, Томина недела, во црквата свети Никола во Долна Маала во Охрид се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, јереј Игор Никовски, јереј Сашо Ристески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Владо Недески. Пред почетокот на светата Литургија се изврши преосветување на светиот Престол, а веднаш по преосветувањето се отслужи божествена Литургија. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.

            Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

            Христос воскресе!

Nike Sneakers Store | spike shoes nike running shoe size chart boys

            Драги браќа и сестри,

            Христовото воскресение е централен настан во историјата, не само на христијанството, туку, воопшто, во целокупната историја на човечкиот род. Еве веќе една недела сите христијани на земјината топка го прославуваат овој голем и светол празник.

            Христовото воскресение е како камен-темелник на кое е соѕидана светата Црква Христова, која според зборовите на Спасителот Господ Исус Христос: „Ниту адската врата нема да ја надвладее“ (Мат. 16, 18). Додека, пак, апостол Павле вели: „Ако Христос не воскресна празна е нашата проповед, празна е нашата вера“ (1 Кор. 15, 14). Но, „Христос воскресна од мртвите и постана новина на оние што умреа“ (1 Кор. 15, 20). Токму затоа воскресението е камен темелник на Христовата црква. Тоа е и најочигледниот доказ во историјата на земниот живот на Господ Исус Христос.

            Оваа недела уште се нарекува и Томина недела. Таа се нарекува така бидејќи се чита светото Евангелие во кое се раскажува како апостол Тома не поверувал што му раскажале апостолите. Дека го виделе Господа Исуса Христа воскреснат. Тој не поверувал во овие зборови туку сакал лично да се увери во тоа. На осмиот ден по воскресението, Господ Исус Христос пак им се јавил на апостолите кога со нив бил и апостолот Тома. Господ Исус Христос му рекол: „Пружи го својот прст и својата рака во реброто..., и не биди неверен туку верен“; апостол Тома одговорил: „Господ мој и Бог мој“. „Тома ти поверува бидејќи ме виде, но блажени се тие што поверуваа, а не видоа“ (Јов. 20, 29).

            Заради овој настан до денеска останало кај христијаните изреката „неверен Тома“. Апостолот Тома не бил човек кој не верувал во Христа, туку бил маловерен во очекувањето на воскресението. Но не треба да заборавиме, туку треба да знаеме дека лично воскресение било новост во животот на целокупниот човечки род. Томиното неверие не е бидено само негова лична слабост, туку слабост на целиот човечки род, односно на сите луѓе. Големо прашање е како ќе постапеле останатите апостоли ако Господ Исус Христос не им се јавел истата вечер. Затоа не треба лесно да ги осудуваме маловерните. Можеби тие самите не се задоволуваат со своето исповедување. Во тоа нивно барање тие сакаат нешто слично како и апостол Тома; опиплив доказ во тоа што го бараат. Затоа и нивното барање не е за осудување и покрај тоа што го знаат случајот на апостолот Тома.

            Многу пострашно и по опасно е доколку во тоа нивно неверување би прифатиле цинизам и бездушност, која води до внатрешно варварство, па човек тогаш постанува суров и нетрпелив кон други луѓе, па дури и не забележува дека постанува таков. Тоа е поопасно и пострашно од маловерието. Таквиот човек постанува без лично достоинство и без карактер. Постојано го менува својот став, зависно од приликите и потребите. Тоа денес, за жал, е честа појава. Таквите луѓе знаат да бидат отуѓени од своите соседи, од своите блиски од своите познати и живеат сами за себе. Денеска особено тоа се забележува во големите градови, каде што живеат цели села во една зграда, а помеѓу себе никој со никого не се познава, не комуницира. Никогаш повеќе ја немало таа отуѓеност како денеска и тоа, не само во големите градови, туку и во помалите места. Честопати таквите луѓе велат дека имаат потреба да побегнат на осамени и мирни места, да се успокојат да најдат спокој на душата и на мислата. Но, во колку човек нема внатрешен спокој тешко ќе го најде само со менување на животната средина за кратко време.

            Позитивен излез од таа состојба луѓето наоѓаат кога ќе согледаат дека во овој живот современиот човек не може да најде доверба во овој свет, тогаш го бара и го наоѓа кај повозвишениот а тоа е небесниот воскресенскиот. Така, со радост и како утеха ја прифаќаат верата и воскресението, односно она што Црквата го формулира во Символот на верата со зборовите: „Го чекам воскресението на мртвите и животот вечен“.

            Драги христијани, како што знаеме Господ Исус Христос им се јавувал на апостолите 40 дена сé до Спасовден и многу чуда направил за да ги утврди своите ученици. Затоа е потребно ние, што се нарекуваме христијани и верници, да веруваме во сé што е напишано во светото Евангелие. Дека тоа е вистина, дека Господ Исус Христос е вистински Син Божји и верувајќи во Него да имаме живот вечен. Блажени се оние кои не биле живи сведоци на Воскресението на Господа Исуса Христа, а со својата пасхална вера постанале синови Божји и следбеници Христови. „Блажени сте вие што не видовте, а поверувавте“.

            Денеска, на овој значаен ден, го преосветивме светиот Престол на овој свет храм кој беше целосно реновиран од страна на Црковниот одбор при црквата „Свети Никола“од Долна Маала. Во молитвите што ги читавме и со кои се молевме испросивме Божјиот благослов да претстојува на овој свет жртвеник, за спасение на душите на православните верници кои се молат и ќе се молат во овој свет храм, како и за ктиторите, приложниците, помагачите, дарителите од неговото создавање па сé до неговото постоење. Нека воскресне Господ Исус Христос во нашите души, во нашите срца, во нашите животи, да можеме на секое место каде што се движиме и работиме да го сведочиме Воскреснатиот. А тој да ни подари силна и непоколеблива вера да можеме да живееме според законите и прописите на светата ни Црква, за да можеме да го наследиме ветеното царство што Господ го приготвил за сите оние што го слушаат и живеат според Него.

            При оваа прилика би сакал на Црковниот одбор да му искажиме благодарност за нивниот сериозен зафат во уредувањето, украсувањето и разубавувањето на овој свет храм посветен на свети Николај Мирликискиот чудотворец во Долна Маала - Охрид. Господ Исус Христос и свети Никола да бидат секогаш со нив и нивните семејства, и нека им подарат сé што е корисно и спасоносно за нивните души и тела.

Христос Воскресе!

11.04.2010 година, Томина недела,

црква „Свети Никола“, Долна Маала - Охрид.

1104201001

1104201002

1104201003

1104201004

1104201005

1104201006

1104201007

1104201008

1104201009

1104201010

1104201011

1104201012

1104201013

1104201014

1104201015

1104201016

1104201017

1104201018

1104201019

1104201020

1104201021

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6