„Уста разумна ми даруваш, Слово беспочетно, да го воспевам Твојот угодник Прохор, зашто имаш неизмерно богатство на милосриде, Христе мој - бездната на Твоите судови; откако ќе се очистам од душевниот мрак, тргни од мојот ум секаква нечистотија, за да пеам: Сите дела Господови, благословете Го Господа“ (песна од Канонот на Утрена на преп. Прохор Пчински).

 

На 01.11.2017 година, на денот кога го прославуваме споменот на преподобниот Прохор Пчински, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest Nike release | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,


Светиот апостол Павле во своето послание до Галатјаните вели: „Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите" (Гал. 5: 24). Нема сомневање дека и преподобниот Прохор Пчински, го распнал телото со страстите, а како резултат на тоа, спечалил или живеел живот подобен на ангелите. Затоа и светата Православна Црква во неговиот тропар пее и го нарекува: „Пустински жител и телесен ангел...".


Но, да се навратиме на зборовите на светиот апостол Павле, и да видиме што значат зборовите страст и телесна похот? Ние честопати ги употребуваме овие зборови, но не секогаш доволно се задлабочуваме во нивното суштинско или вистинско значење. По учењето на светите отци, похот значи господарење на телото над човечкиот разум, волјата и чувствата. Кога законите на телото тржествуваат, а законот на духот отстапува, тогаш се манифестира похота на телото. Зошто свети апостол Павле ги соединува, похота на телото со страстите? Страста е видливото манифестирање на господарењето на телото над човечкиот дух, а тоа се пројавува преку гневот, чревоугодието, среброљубието властољубието и на крај, се манифестира со потполно невоздржување од телесни задоволства и наслади.


Какво е значењето на зборот страст во нашиот јазик? Вистинско значење на зборот страст е всушност страдање, но, овој збор не се употребува случајно, затоа што телесната похот секогаш го доведува човекот до страст односно до страдање. Страста никогаш не може, да го однесе човекот кон вистинска благосостојба. Трагедијата се огледува во фактот што неколку минутна пројава на похота, кај луѓето понекогаш се идентификува со благосостојба и среќа, но во реалноста тоа не е така.


Тие кои се Христови, телото го распнаа со страстите и похотите. Учењето на нашиот спасител Господ Исус Христос се јавува како вечно слово, кое ги победува сите страданија и похоти и ни отвора оригинална перспектива на човековата среќа. Ако сакаш да бидеш среќен, постани од самиот почеток човек, научи се да управуваш со своето тело, употребувајќи ги правилно волјата и разумот и поттикнувајќи го физичкото начело кон духовна возвишеност, и тогаш, и во овој земен живот ќе ти се откриваат духовните перспективи на вистинското блаженство и среќа.


Да си поставиме уште едно прашање, дали свети Прохор Пчински бил среќен човек? Нема никаков сомнеж дека бил среќен, и него никакви овоземни сили, не можеле да го симнат од Козјачката планина, каде што се подвизувал во скромната пештера. Немало никакви сили, што можеле да го убедат и доведат до поблиски населени места, каде можел да живее со народ кој поседувал повеќе овоземни благодети. Тој бил среќен, бидејќи постојано, и ден и ноќ се молел, и така можел да претрпи и глад и жед, и студ и жештина, и сите непријатности со кои се соочувал во подвижништвото. Но сето тоа можел да го поднесе, бидејќи имал силен и бодар Дух, за него телесната похот била распната, и живеел духовен живот исполнет со благодатта Божја. Таа благодат, го хранела, го топлела, и му давала сила, за да може сите искушенија и маки, достоинствено да ги пребродува, и така Богоугодно да се подвизува. Свети Прохор, како праведна душа, им помагал и им помага и денес на луѓето, на оние кои доаѓале кај него за духовни поуки, но и на оние кои денес го просат неговото застапништво пред Бога.


И ние денеска, кои се наоѓаме собрани во овој свет манастир, а го прославуваме споменот на преподобниот отец Прохор, да се обратиме со искрена молитва кон него, да биде наш молитвеник пред Бога и поткрепител во нашиот духовен живот, та и ние да ги отстраниме сите страсти и похоти од нашиот живот, та да добиеме благодат Божја, која ќе нè очисти, облагороди и просвети. Амин!

 

01.11.2017 година 

преп. Прохор Пчински
манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ Плаошник, Охрид

 

prohorpcinski2017 1prohorpcinski2017 2prohorpcinski2017 3prohorpcinski2017 4prohorpcinski2017 5prohorpcinski2017 6prohorpcinski2017 7prohorpcinski2017 8prohorpcinski2017 9prohorpcinski2017 10prohorpcinski2017 11prohorpcinski2017 12prohorpcinski2017 13

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6