На 22.10.2018 година, во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во с. Издеглавје, општина Дебарца, Охрид, беш отслужен Парастос во спомен на учесниците на Првиот свештенички собир во с. Издеглавје, општина Дебарца, Охрид, кои ги поставија темелите за возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. На Парастосот чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, како и повеќе свештенослужители од целата Македонска православна црква - Охридска архиепископија. По завршувањето на Парастосот, Архиепископот Стефан се обрати со пригодна беседа пред присутните. На Парастосот присуствуваа повеќе свештенослужители од целата наша црква, а присутен беше и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Р. Македонија, г-дин Даријан Сотировски. Како благодарност кон големото верско, но и патриотско дело, тука ќе ги споменеме имињата на учесниците на Првиот свештенички собир: протоереј-ставрофор Вељо Манчевски - парох Дебарски, протоереј-ставрофор Кирил Стојаноски - парох во Локов, протоереј-ставрофор Антим Попоски - парох на Прва слатинска парохија, свештеник Томо Попоски - парох на Втора слатинска парохија, свештеник Зафир Јованоски - парох Годивски, свештеник Ристо Тасески - парох Арбиновски, свештеник Ламбе Попоски - парох Велмешки, свештеник Ристо Тасески - парох Белчишки, свештеник Матеј Попоски - парох во Злести и свештеник Силјан Ристоски - парох Врбјански. На покојните да им биде вечен споменот и вечна благодарност за нивното христијанско и патриотско дело. Амин!
Best Authentic Sneakers | Air Jordan Sneakers