„Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил“ (Лука 10,16 - дел од евангелието кое се чита на празникот на св. ап. Тимотеј).

На 04.02.2012 година го прославивме празникот на светиот апостол Тимотеј, сотрудник и сопатник на св. ап. Павле, кој по неговата смрт станува епископ во Ефес и кој маченички ќе пострада за името Христово. Прославата во негова чест, како и по повод именденот на нашиот Митрополит Тимотеј, започна на 03.02.2012 година, со свечена вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Владо Недески.

latest jordan Sneakers | Nike WMNS Air Force 1 '07 Essential , CZ0270-102 , Querrey

Торжествувањето на овој голем „војник Христов“ продолжија утредента, во истиот манастир, каде беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Владо Недески и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните.

Во просториите на Административната зграда на Дебарско-кичевската епархија, вечерва ќе биде организиран прием за сите верни чеда кои ќе дојдат да му го честитаат именденот на нашиот Митрополит Тимотеј. Од името на свештенството и сиот православен верен народ, ви го честитаме именденот и се молиме на Бога уште многу години да го славите. На многаја лета! 

svaptim2012

svaptim2012 2

svaptim2012 4

svaptim2012 6

svaptim2012 8

svaptim2012 10

svaptim2012 12

svaptim2012 14

svaptim2012 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1