На 20.02.2012 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот Партениј Лампсакиски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски присуствуваше во манастирот „Свети Јован Бигорски“, каде заедно со братството од манастирот и сестринството од манастирот во Рајчица, како и со многубројниот верен народ, го прославија споменот на овој голем светител и подвижник, но и му го честитаа именденот на игуменот Партениј.

Asics shoes | nike air barkley posite 76ers shoes for women Maximum Volume DJ4633-010 Release Date - SBD

Торжествувањето започна ден претходно, во параклисот  „Свето Благовештение“, со свечена вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандрит Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј и Јосиф и свештеникот Димче Азески. По завршувањето на вечерната богослужба, игуменот на манастирот, архимандрит Партениј, ја благослови вечерната трпеза и се заблагодари на сите присутни и ги потсети сите за нивното христијанско достоинство и должност: „Ви благодарам на вашето присуство, на вашата љубов, и ги просам вашите молитви за Господ да ни даде сила и понатаму да го извршуваме евангелското дело. Со љубов и трпение да го носиме крстот што Бог ни го дал. И да не заборавиме дека сите имаме едно свето име – а тоа е името христијанин...“.

Утредента беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандрит Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј и Јосиф и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше осветено коливо, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа која во целост ви ја пренесуваме.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Денеска се собравме на оваа света Литургија да му благодариме на Господа што нè подготвува и воведува во овие прекрасни посни денови кои ни претстојат и што нè удостои да бидеме заедничари на Неговите свети тајни. Ние се молиме да нè соедини со Својата света заедница и да нè направи учесници во царството небесно. По Неговата сила да го промени нашиот ум, нашето срце, нашата душа и да нè упати по Неговиот спасителен пат. 

Деновите на претстојната света Четириесетница се денови на духовно и телесно воздржување, денови на духовно возрастување со силата и раката Господова. Прекрасни денови за очистување, преобразување, па така очистени и подготвени, да станеме учесници на светите Божји тајни, да Го примиме Христа во светата Причест и да станеме едно со Господа. Но, исто така, да се поврземе и помеѓу себе, едни со други. Бидејќи вистинската заедница на луѓето не се заснова само на телесни и крвни врски, како што мислат многумина на овој свет, туку нашето тело и крв се осветуваат и просветуваат со Телото и Крвта Христова и дури потоа, заедницата која ја имаме на земјава, т.е. телесната заедница, која е условена и со нашата природа и од нашето општење со други луѓе, станува жива, живоносна, вечна и непреодна. Таа се темели не само на човечката природа, туку и на светите тајни, на Божјите тајни, кои ги примаме како дар Божји, благодат Божја, Божја сила и Божја светлина. Само таа заедница е вистинска, само таа е бесмртна заедница, а секоја друга е распадлива, денес постои, утре ја нема. Таа заедница е нашата света Црква што Господ Исус Христос ја основал. Затоа се вели во Светото Писмо: „И вратите на адот нема да ја надвладеат“ (Мт. 16, 18). 

Целокупната историја на човечкиот род го посведочува и ќе ни го сведочи тоа до крајот на светот. Токму од Црквата и преку неа се раѓа непреодното Божјо царство и ни се отвора тајната на вечниот и неминлив живот, кој ни се дава тука, уште во овој живот. Затоа Црквата нè воспитува во страв Божји, за да се здобиеме со таа мудрост и преку овие пречисти денови на Велигденскиот пост што ни доаѓа, да се подготвиме за светите тајни и да постанеме заедничари на таа света заедница, за да можеме да ја предвкусиме тајната на непреодното царство Божјо. Да ја почувстуваме силата Христова во нашите срца, во нашите души и тогаш ќе можеме вистински да се поклониме на воскреснатиот Христос и ќе ја примиме онаа светлост од небото која осветува сè. 

Од нашиот Создател и Промислител ни е даден голем дар Божји, но, исто така, и голема одговорност и призив за кој Бог не избрал помеѓу сите луѓе на оваа земја, правејќи нè токму нас, христијаните, носители на таа светлина, на таа божествена сила и божествено просветлување. Нам ни се дава да бидеме сведоци на живиот Бог и на Неговата љубов која го дарува целиот свет и одржува секое создание, но, во исто време, нè обврзува да ја сведочиме таа Божја љубов, откривајќи ја на овој свет. Затоа ние, како христијани, сме повикани да зрачиме со Христова љубов пред сите луѓе околу нас, како што се вели во Светото писмо: „Така да засветли Твојата светлина пред луѓето за да ги видат твоите добри дела и да Го прослават нашиот Отец Кој е на небесата“ (Мт.5,16).

Тоа е смислата на Божјата Црква и на секоја Божја служба, но и смислата на нашиот призив. Нека Бог и нас нè облече со сила и моќ од небесните висини да нè обнови со таа Негова сила, за во нас да се прослави Господ, како во Своите светии. Како што се прославил во многу Негови угодници, како што е и свети Партениј Лампсакиски, чиј спомен денеска го славиме. На Триедниот Бог, Кој така промислува за нас и за нашето спасение, нека Му е слава и благодарност сега и во сета вечност. Амин!

Ја користам оваа прилика на архимандритот и игумен на овој Манастир, отец Партениј да му го честитаме именденот и да му посакаме од Господа здравје и успех во неговата одговорна, духовна, раководна улога. Нека свети Партениј го закрилува и облагородува со неизмерна љубов кон Бога, кон своите духовни чеда и кон македонскиот и сиот христијански народ, та оваа наша македонска лавра да бележи уште поголеми успеси на духовен план, собирајќи и обновувајќи нови цркви во душите и срцата на нашиот народ. Нека послужи за украс на Македонската Православна Црква и нејзин просперитет, за прослава на севишниот Бог, а за спасение на неговата душа. На многаја и благаја лета високопреподобни оче Партение“.

Митрополит Тимотеј

свети Партениј Лампсакиски
20.02.2012 година, ман. „Свети Јован Бигорски“, Дебар

svpar2012

svpar2012 2

svpar2012 4

svpar2012 6

svpar2012 8

svpar2012 10

svpar2012 12

svpar2012 14

svpar2012 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1