„Од сите краишта те фалат славејќи те и со љубов ти викаат: радувај се, книго света, во која со прст се напиша Словото на Отецот, Чиста. Него моли Го во книгата на животот да се запишат слугите твои, Богородице“ (песна од Канонот на Мало повечерие кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица).
На 12.04.2024 година, во петокот од Четвртата седмица на Великиот пост, во попладневните часови, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужено Мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, на коешто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, и ѓаконот Марко Спасовски.