„Најтоплиот застапник во неволјите, и добропослушен посредник за оние кои просат, Еразмо, сите со песни да го почестиме, зашто неговиот светлоносен и сепресветол спомен нѐ тера да викаме: Господи, слава Ти!“ (кондак на Утрена на свети Еразмо Охридски).

И оваа година верниците од нашата Епархија со големи торжества и славословија го прославија споменот на нашиот светол молитвеник и заштитник, големиот подвижник Еразмо Охридскиот Чудотворец. Прославата во спомен на нашиот Охридски молитвеник започна на 14 јуни, со свечена Празнична вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Горан Ставрески, свештениците Љупчо Бакрачески и Христијан Костоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. Торжествата продолжија утредента, на 15 јуни, со света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, спротоерејот Горан Ставрески, свештениците Љупчо Бакрачески и Христијан Костоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

 

Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, вели: Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи (Мт. 5, 15). Такви светила запалени од Бога се светиите, како што е и денеска празнуваниот св. Еразмо Охридски. Тие се поставени високо за да ги осветлуваат и осветуваат оние кои ќе дојдат под нивното осветлување. Бог ги запалил тие светила затоа што само Он е светлина, Која е живот, вистина и радост. Животот има потреба од светлина, и тоа не само во морална и духовна смисла, туку и обичниот живот има потреба од светлина, за да расте и да напредува и да дава плод, и тоа обилен. Светлината е живот, а животот е вистина. Вистината не може да биде друга освен самиот живот и познавање на животот. А надвор од светлината или, со други зборови, надвор од самиот живот, не е можно да се познае вистината за Него. Таму, пак, каде што е вистината на животот и радоста на живеењето нема поголема радост за човекот, зашто вистината ќе го направи слободен.

Затоа Исус Христос за Себеси вели дека е Светлина на светот, и ги повикува сите кои поверувале во Него да Го следат, за да имаат светлина во животот и вистината да биде со нив. Големо зло е за човекот да оди во мрак низ својот живот, та да не може да го спознае и да го изживее и да ја почувствува неговата радост. Исус Христос ги повикува сите да Го следат додека уште е ден, додека можат да дојдат под осветлувањето на Божествената светлина, која доаѓа од Него (Јн. 12, 35-36). Но, Он им вели и на Своите блиски ученици, односно на тие кои примиле од Него светлина, дека и тие се светлина на светот (Мт. 5, 14). Светлина на светот се сите светии и сите оние кои преку благочестив живот се трудат да ги подражаваат. Тие кои веруваат во Исуса и се трудат да Го подражаваат немаат своја сопствена светлина. Тие примаат светлина од Него, и светат сѐ додека се осветлени од Божјата светлина. Ако прекине тоа осветлување, престанува и светлината во нивните души. Човечката душа е од Бога, а Бог е Светлина. Поради тој свој избор човечката душа има во себе светлина, но врз неа може да падне и мрак, може да биде замаглена и да се затемни нејзиниот поглед.

Светиите се светила запалени од Божјата светлина. Тие ја примаат таа светлина и ја одразуваат врз нас. И ние, во нашиот духовен и благодатен живот, примаме светлина непосредно од Бога, но и преку светиите. Богато е небото на верата, кое покриено со многуте светила ги осветлуваат патиштата на луѓето, на верата, на благочестието и светоста.

Какво е осветлувањето што го примаме од светиите? Од нив примаме осветлување на верата, на благочестието и на светоста. Примаме осветлување за Божјите дела, а тоа значи за правда, за вистина, за добро и за љубов кон луѓето и татковината. И ние сме светлина на светот, како што ни кажа Спасителот. И ние треба да ја одразуваме светлината во нашиот живот. Но, тоа ќе можеме да го правиме само ако постојано се наоѓаме под осветлувањето од Божјите светила и угодници кои се запалени од семоќната Божја рака. Само така ќе го најдеме патот на верата, на благочестието, на љубовта и на вистинското служење на Бога, на луѓето и на нашиот род.

Секогаш молитвено да ги повикуваме на помош Божјите угодници кои засветлиле на нашата земја, бидејќи преку нив ги отвораме дверите на нашето срце за раѓање на светлина која доаѓа од небото, светлина на верата и благодатта, и Светлина која е самиот Господ Исус Христос. Да се обратиме со искрена молитва и кон св. Еразмо Охридски, чиј спомен денеска го празнуваме, тој да биде наша светлина и да нѐ осветлува и просветлува преку сите денови на нашиот живот, та да одиме по вистинскиот пат Божји и да се надеваме за спасение на нашите души, сега и во сета вечност. Амин.

                                Св. Еразмо Охридски

                                                  Ман. „Св. Еразмо Охридски“ Охрид

15.06.2024 г.

 

sverazmo24 1

sverazmo24 2

sverazmo24 3

sverazmo24 4

sverazmo24 5

sverazmo24 6

sverazmo24 7

sverazmo24 8

sverazmo24 9

sverazmo24 10

sverazmo24 11

sverazmo24 12

sverazmo24 13

sverazmo24 14

sverazmo24 15

sverazmo24 16

sverazmo24 17

sverazmo24 18

sverazmo24 19

sverazmo24 20

sverazmo24 21

sverazmo24 22

sverazmo24 23

sverazmo24 24

sverazmo24 25

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6