На 28 октомври 2024 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј ги пречека нашите ценети гости од Австрија, кои дојдоа во нашата Татковина за да се запознаат со природните, културните и духовните убавини на нашата земја. Ценетите гости беа предводени од Амбасадорот на Австрија во Македонија, г-дин Мартин Памер, и од Генералниот директор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Мајер. Меѓу посетителите беа и Прелатот г. Антон Хеслингер, старешина на Манастирот Клостернојбург, и проф. Фолфганг Вон Бандион, голем канцелар на католичкиот ред на Свети цар Константин, како и други ценети гости.