По повод празникот на свети архангел Михаил и на останатите бестелесни, небесни, ангелски сили во манастирот "Свети Наум Охридски" се служеше света архиерејска Литургија, бидејќи црквата што ја изградил преподобниот охридски чудотворец, свети Наум, им ја посветил ним. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски, г.Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, протојереј-ставрофор Тоди Јован, свештеник од Подградец, Р. Албанија, свештеник Никола Христоски, свештенослужител во манастирот "Свети Климент и свети Пантелејмон" – Плаошник и ѓакон Димче Азески, референт при Дебарско-кичевската епархија.
jordan Sneakers | Nike Air Force 1'07 Essential blanche et or femme - Chaussures Baskets femme - GovКако и секоја година, така и оваа, забележително беше присуството на голем број на верници од Охрид и околината, но и наши браќа и сестри по вера од Р. Албанија, кои традиционално доаѓаат на поклонение на гробот на овој голем охридски и сеправославен чудотворец, и присуствуваат на богослужбите што тука се извршуваат.
По светата Литургија Митрополитот Тимотеј, заедно со свештениците и верниот народ, го освети и прекрши и празничниот колач.