Според стилската анализа, во прв ред, анализата на фрескоживописот, се доаѓа до заклучок дека пештерната црква посветена на св. Еразмо, антиохиски епископ, е најстара од бројните пештерни цркви изградени на брегот од Охридското Езеро. Таа се наоѓа на околу 2 километри од Охрид, во карпите, на патот кон Струга. Низ својата долга историја, црквата повеќе пати е поправана, но фрескоживописот, што е изведен врз природната карпа, е зачуван до денес. Според него, живописот датира од првата половина на XIII век, додека за зографот нема никакви податоци.

Поради големата посетеност и малиот простор на црквата, во 1928 - 1930 година до пештерната црква изградена е нова црква. Новата црква е зографисана од охридскиот зограф Ѓорѓи Крстески. Со несебичното залагање на Лепа (Лепосава) Димитриоска, која остави длабока трага во животот на манастирот, која во отсуство на монаси ја презеде целокупната грижа за манастирот, изграден е нов конак во периодот од 1980 до 1985 година, проектиран од покојниот Тодор Паскали од Охрид, изграден е потпорен ѕид и комплетно уредување на дворот на манастирот. Во отсуство на монах - старешина, таа должност сега ја извршува свештеникот Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевската епархија.

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3