На 15 мај 2010 г., во црквата свети Георгиј во Струга, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј изврши света тајна Венчание врз Цветлана и Николче Танаскоски, син на протојереј-ставрофор Илија Танаскоски, Архиерејски намесник на струшкото намесништво и еден од најпочитуваните и најценети свештеници во Дебарско-кичевска епархија.
latest Nike Sneakers | Men's SneakersНАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
СВЕТИ АТАНАСИЈ АЛЕКСАНДРИСКИ
По повод празникот посветен на свети Атанасиј Александриски (летен), кој се празнува на 15 мај, во манастирот „Св. Атанасиј“ , метох на Светинаумовата обител, се служеше света архиерејска Литургија. Со светата Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Св. Наум Охридски“, игумен Јосиф, игумен на манастирот „Пресвета Богородица“ во Калишта, јереј Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевска епархија и ѓакон Николче Ѓурѓиноски. Култот кон свети Атанасиј во овие краишта е голем, не само кај православните верници од Македонија, Охрид и околината, но исто така и кај православните верници од соседна Република Албанија, та сите заедно молитвено собрани дојдоа да го прославават овој светител и да го помолат заедно со свети Наум да ни бидат застапници пред Престолот на Севишниот Бог. После завршувањето на Литургијата, Владиката зедно со останатите свештенослужители извршија мал Водосвет и го благословија и прекршија празничниот леб.
Nike Sneakers | NikeВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН
Вознесение Христово – Спасовден, торжествено со празнични богослужби беше прославен во сите цркви и манастири во Дебарско-кичевска епархија. По тој повод, надлежниот Митрополит г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, игумен Јосиф, протојереј Димче Ѓорѓиески, јереј Никола Христоски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски, во манастирот „Вознесение Христово“, во с. Горно Лакочереј – Охрид, служеше света Литургија. После завршувањето на Литургијата, во дворот на манастирот се изврши мал Водосвет и се освети и прекрши празничниот леб, по што свештенослужителите заедно со верниците направија Литија околу храмот, а оттука со литијни песни и молитви се упатија во полето, каде што меѓу другото, од Бога се просеше да даде сè што е потребно за да се роди жито во изобилие. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое интегрално ви го пренесуваме.
НЕДЕЛА НА СЛЕПИОТ
Во неделата на 09 мај 2010 година, недела на Слепиот, во црквата „Св. Богородица-Каменско“ во Охрид, се служеше света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Митрополит г. Петар во сослужение на надлежниот Митрополит г. Тимотеј како и повеќемина свештенослужители. На божествената Литургија присуствуваа: Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, претставници од Руската православна црква возглавени од Архиепископ Јарославски и Ростовски г. Кирил, Архиепископ Филиополски г. Нифон, претставник на Антиохиската православна црква и Митрополит г. Теофил, претставник од Сиро-јаковитската црква.
ПОСЕТА НА РУСКА ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА
На 08 мај 2010 г., во митрополитската резиденција на Плаошник, од страна на Владиката г. Тимотеј беше направен неофицијален братски прием на претставниците од Руската и Антиохиската православна црква. После приемот, големите црковни достојници се упатија во посета на манастирите: свети Климент и Пантелејмон на Плаошник, свети Георгиј Победоносец во с. Рајчица – Дебар, свети Јован Бигорски и свети Наум Охридски.
buy shoes | Nike