На 08 јуни 2009 година, втор ден Духовден, во катедралната црква света Софија во Охрид се служеше света Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, протојереј Сашо Богданоски, свештеник Ромео Петрески, свештеник Димче Ѓорѓиески, свештеник Игор Никовски, свештеник Никола Христоски и ѓаконите Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски и Владо Недески. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово.
jordan Sneakers | Releases Nike ShoesНАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
ПЕДЕСЕТНИЦА – ДУХОВДЕН, ВО ЦРКВАТА „СВЕТА ТРОИЦА“ ВО ОХРИД

На Педесетница – Духовден, во црквата „Света Троица“ во Охрид, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители отслужи света Литургија. По завршувањето на Литугијата, според типикот на Црквата се отслужи и Вечерна богослужба. После завршувањето на богослужбата, Владиката заедно со останатите свештенослужители излегоа во дворот на црквата каде што се изврши мал Водосвет и се благословија и прекршија празничните лебови. Кон верниот народ Владиката се обрати со празнично слово кое интегрално ви го пренесуваме.
spy offers | Sneakers Nike Shoes
СПОМЕНОТ ЗА СВЕТИОТ СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ЕРАЗМО ОХРИДСКИ СЕ ОДБЕЛЕЖА СВЕЧЕНО СО ПРАЗНИЧНИ БОГОСЛУЖБИ
Споменот за светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, свечено со празнични богослужби традиционално се одбележа во истоимениот манастир кој се наоѓа во непосредна близина на Охрид. По тој повод, на 14-ти јуни во вечерните часови Митрополитот г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители отслужи празнична вечерна. Култот кон овој светител во Охридско-струшкиот регион е голем, бидејќи неколку години пред крајот на својот живот свети Еразмо Евангелието го проповедал во Лихнидос, денешен Охрид. Сè до доцните вечерни часови, а исто така и наредниот ден, река од верен народ трпеливо и со молитва чекаа да влезат, да се поклонат и помолат во црквата и во пештерата во која се подвизувал светиот Еразмо и на тој начин да ја изразат својата чест кон светителот. Утредента, на 15-ти јуни во 8 часот започна утринската богослужба по која следеше и света архиерејска Литургија. По за вршувањето на Литургијата, Владиката заедно со останатите свештенослужители се упатија кон изворот, кој се наоѓа под манастирот, каде што се изврши мал Водосвет и се благословија и прекршија празничните лебови.
bridge media | Nike Dunk Low Coast UNCL - GrailifyВОЗНЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН ВО ИСТОИМЕНИОТ МАНАСТИР ВО СЕЛО ГОРНО ЛАКОЧЕРЕЈ - ОХРИД
Празникот посветен на Вознесението Христово – Спасовден свечено со архиерејска Литургија беше прославен во истоимениот манастир во село Горно Лакочереј - Охрид. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители. По завршувањето на Литургијата се изврши мал Водосвет и се благословија и прекршија празничните лебови.
Authentic Nike Sneakers | Air Jordan 4 - Collection - Sb-roscoff
ПРОФЕСОРИ И СТУДЕНТИ ОД ПРАВОСЛАВНИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ ОД СОФИЈА, ВО ПОСЕТА НА ОХРИД
На 16 мај 2009 година, група од професори и студенти од Православниот Богословски Факултет од Софија – Р. Бугарија, придружувани од професори од Православниот Богословски факултет од Скопје беа во посета на Охрид и охридските цркви и манастири. Во духот на братската и нелицемерна христијанска љубов, во манастирот „Свети Наум“ надлежниот архиереј, Митрополит г. Тимотеј заедно со архимандрит Нектариј на гостите им приредија свечен прием.
Sportswear free shipping | UOMO, SCARPE