Во Неделата на православието Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештенослужители од Охридското архиерејско намесништво отслужи света Василиева Литургија во црквата „Св. Никола" – Геракомија во Охрид.
На светата Литургија на која присуствуваа голем број на верници со пригодна беседа, говорејќи за овој празник и за христијанските добродетели, се обрати Владиката Тимотеј, а потоа и подолго време ги причести верниците, кои во поголем број подготвени пристапија кон Светиот Путир.