„Денес четирите краишта на светот се осветуваат, со четирите краеви на Твојот Кртс, Христе Боже наш. Со него се издигнува и достоинството на православните христијани; со него се крши силата на непријателите. Голем си, Господи и чудесен во Твоите дела: слава Ти“ (самогласна стихира на Утрена на празникот Воздвижение на чесниот Крст).

 

На 27.09.2024 година, денот кога го прославуваме празникот Воздвижение на чесниот Крст - Крстовден, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим, свештеникот Васил Михајлоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред почетокот на Литургијата беше изнесен насреде храмот чесниот и славен Крст, дрвото од кое изникна спасението на човековиот род. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Денес од неплодната Ана произлезе цветот Богородица, која ги исполнува сите краишта на светот со божествена благопријатна миризба, и со радост сето создание го исполнува. Неа воспевајќи ја, достојно ја славиме, како повисока од сите родени на земјата“ (светилен на Утрена на празникот Рождество на Пресвета Богородица).

 

Празнувањето на Рождеството на Мајката Божја продолжи на 21 септември 2024 година, со света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Олулу г. Илија од Црквата во Финска, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, светогорскиот старец Антипа заедно со неговиот собрат, архимандритот Доситеј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Горан Ставрески, свештениците Александар Матески, Роберт Илијевски и Александар од Црквата во Финска, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, ероѓаконот Силуан и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

„Денес неплодната Ана ја раѓа Божјата слугинка, предизбрана од сите народи, за живеалиште на Царот и Творецот на сите - Христа Бога, за исполнување на домостројот Божји, со кој ние родените на земјата се утврдивме, и од распадливост во живот бесконечен се обновивме“ (стихира на Господи повикав... на празникот Рождество на Пресвета Богородица).

 

Нашата постојана заштитничка и покровителка, нашата Мајка и Божјата Мајка, од секогаш била најторжествено прославувана, како Пречист девствен плод и принос од Земјата. Затоа и на секој празник посветен на Пречистата, реки од народ ги преплавува храмовите посветени на неа. Така беше и оваа година, кога на празникот на нејзиното рождество, сите наши храмови беа масовно посетени, а верните чеда ѝ се помолија на топлата застапничка и ја побараа нејзината закрила. Прославувањето на Рождеството на Божјата Мајка започна на 20 септември 2024 година, најпрво во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Г. Манастирец, Македонски Брод, каде беше отслужен Акатистот на Пресвета Богородица, а на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Горан Ставрески, свештениците Саше Костадиноски, Роберт Илијевски и Зоран Ставрески и ѓаконот Марко Спасовски. Празнувањето продолжи во ман. „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, каде беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот на Олулу г. Илија од Црквата во Финска, Епископот Антаниски г. Партениј, светогорскиот старец Антипа заедно со неговиот собрат, архимандритите Доситеј, Макариј и Кирил, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Горан Ставрески, свештениците Александар Матески, Роберт Илијевски, Александар од Црквата во Финска и Александар Крстаноски, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, ероѓаконот Силуан и ѓаконот Марко Спасовски. Оваа вечер беше торжествено свечена и за манастирот и за сестринството на манастирот, кое се збогати со уште еден член, со уште еден духовен борец. На Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј ја потстрижа во монаштво искушеничката Душица Будиноска, која го доби монашкото име Текла. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати во преисполнетиот манастирски храм со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Претечата на благодатта, познат како најголем меѓу пророците,и избран пред апостолите, да го овенчаме со песни пофални, бидејќи, заради законот на Господа, му беше отсечена главата“ (Светилен на Утрена на празникот Отсекување на чесната глава на св. Јован Крстител).

 

На 11.09.2024 година, денот кога си спомнуваме на славната смрт на чесниот пророк, Претеча и Крстител Јован, кому му беше отсечена чесната глава, а поради изобличувањето на гревот во овој свет, во манастирот „Св. Јован КРстител“ - Бигорски манастир, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, игумен на манастирот, архимандритите Матеј, од Грчката православна црква, Доситеј, Макариј и Кирил, протоереј-ставрофорите Никола ХРистоски и Златко Пуреовски, протоерејот Горан Ставрески, еромонахот Еразмо, свештеникот Миле Ангелоски и ероѓаконот Силуан. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто подолу во целост ви ја пренесуваме. На крајот, се возрадувавме уште повеќе на овој празничен ден, со осветувањето на темелите за нов гробен храм, којшто ќе се гради над манастирот, кај манастирските гробишта, а истиот ќе биде посветен на заштитникот на монаштвото во Македонија, на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

Повеќе...

„Крстителу Јоване, проповеднику на покајанието, кога твојата глава беше отсечена, ја освети земјата, зашто Законот Божјји им го објасни на верните, а беззаконието го уништи. Стоејќи пред престолот на небесниот Цар - Христа, моли Го, да ги помилува душите наши“ (стиховна стихира на Вечерна на празникот Отсекување на чесната глава на св. Јован Крстител).

 

На 10.09.2024 година, во навечерието на празникот Отсекување на чесната глава на св. Јован Крстител, во манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски манастир, беше отслужена Празнична вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, игумен на манастирот, архимандритите Матеј од Грчката православна црква, Доситеј, Макариј и Кирил, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Златко Пуреовски, протоерејот Горан Ставрески, еромонахот Еразмо, свештеникот Миле Ангелоски и ероѓаконот Силуан. Во оваа празнична вечер, под водството на Епископот Партениј, се родија уште тројца нови ангелообразни монаси, тројца нови духовни борци, кои поминувајќи го периодот на послушништво и искушеништво, доброволно и со благослов пристапија под раката на нашиот Митрополит Тимотеј, и го примија монашкиот потстриг. Имено, искушениците Јајка Силккола од Куопио, Финска, Деан Божинов од Радовиш и Оливер Марковски од Куманово, го примија врз монаѓкиот животен крст и ги добија монашките имиња: Елисеј, Пантелејмон и Евстатиј, соодветно. На манастирската слава на Бигорскиот манастир присуствуваа и многубројни гости, меѓу кои и архимандритите Матеј и Херувим, како и отците Теона и Кирил од Црквата на Грција и јерејот Петар од православната Црква на Романија. Посебен украс на манастирската слава беше и молитвеното и небесно пеење на отец Херувим со неговиот ангелогласен хор. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон новите монаси и кон сите присутни со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...
Страница 3 од 290

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6