РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЗА 2010 ГОДИНА

29.03.2010 ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК

НАУТРО: Утрена, часови и Архиерејска Преждеосвештена литурги-ја, едноцрквие во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 7 часот.

ВЕЧЕРТА: Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот.       

30.03.2010 ВЕЛИКИ ВТОРНИК

НАУТРО: Утрена, часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 7 часот.

ВЕЧЕРТА Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот.

31.03.2010 ВЕЛИКА СРЕДА

НАУТРО: Утрена, часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 7 часот.

ВЕЧЕРТА Мало повечерие со канон во сите цркви во Охрид, со почеток во 17 часот.

01.04.2010 ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК

НАУТРО: Утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ маслосвет, во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Охрид, со почеток во 7 часот, а богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.

ВЕЧЕРТА: Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18,30 часот.

02.04.2010 ВЕЛИКИ ПЕТОК

НАУТРО: Царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот.

Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Света Богородица“ – Каменско.

ВЕЧЕРТА: „Оплакувањето и опело на Христа“, почеток во 19 часот.

Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Света Богородица“ – Перивлепта, Варош.

 03.04.2010 ВЕЛИКА САБОТА (ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО)

Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23.30ч. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 23.30 часот.

04.04.2010 НАУТРО: Втора света литургија во црквата „Света Богоро-дица“ – Каменско, со почеток во 8.00 часот.

 04.04.2010 ВЕЛИГДЕН

Второ Воскресение со читање на Светото Евангелие на повеќе странски јазици, и делење на велигденски јајца со почеток во 17 ч.

Вечерна Архиерејска богослужба во црквата Св. Софија“– Охрид. 

05.04.2010 II ДЕН ВЕЛИГДЕН (ПОНЕДЕЛНИК)

Утрена со Златоустова литургија во сите цркви, со поч. во 7.30 ч.

Архиерејска литургија во црквата Св. Петар и Павле“ – Кичево.

06.04.2010 III ДЕН ВЕЛИГДЕН (ВТОРНИК)

Утрена со Златоустова литургија, во сите цркви, со поч. во 7.30 ч.

За Варош, во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“.

07.04.2010 БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СРЕДА)

Архиерејска литургија во црквата „Света Софија“ – Охрид, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

08.04.2010 СВЕТЛИ ЧЕТВРТОК

Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован“ – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

09.04.2010 ИСТОЧЕН ПЕТОК - БАЛАКЛИЈА

Света Архиерејска литургија во црквата „Света Богородица“ – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот.

 11.04.2010  ТОМИНА НЕДЕЛА

Преосветување на Светиот Престол и света Архиерејска литургија во црквата „Свети Никола“ - Долна Маала – Охрид, со почеток во 8.30 часот.

ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКА ЕПАРХИЈА - ОХРИД

affiliate link trace | Jordan

На 28 март 2010 година, на празникот посветен на „Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници“ во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, протојереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, протојереј Војне Ристески, јереј Игор Никовски и ѓакон Николче Ѓурѓиноски во присуство на мноштво верен народ служеше света божествена Литургија. Пред почетокот на божeствената Литургија, Владиката заедно со останатите свештенослужители изврши чин на благословување и осветување на врбови гранчиња и истите беа разделени на верниците. Верниот народ кој се подготвувал со пост и молитва пристапи кон светиот Путир причестувајќи се со светите Христови Тајни. Кон нив Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.

best Running shoes brand | Sneakers

Повеќе...

На 27 март, 2010 година, Лазарева сабота, а воедно и по повод именденот на отец Бенедикт, игумен на манастирот „Пресвета Богородица“ во с. Манастирец – Македонски Брод, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, свештеник Игор Никовски, јеромонах Јосиф и ѓакон Николче Ѓурѓиноски служеше света божествена Литургија.

Sports brands | Men's Footwear
Повеќе...

Во петтата недела од Великиот пост, недела посветена на преподобна Марија Египетска, во црквата „Св. Никола - Геракомија“ во Охрид се служеше света Василиева Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: архимандрит Нектариј, протојереј Димче Ѓорѓиески, јереј Игор Никовски, јереј Никола Христоски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Верниот народ кој се подготвувал со пост и молитва, пристапи кон светиот Путир причестувакќи се со Телото и Крвта Христови. Кон верниот народ, Владиката г. Тимотеј се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.

bridgemedia | Women's Designer Sneakers - Luxury Shopping
Повеќе...

На 19 март 2010 година, петта недела од Великиот пост, во црквата „Света Богородица- Каменско“ во Охрид, со почеток во 16 часот, надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на парохиските свештеници служеше Акатист кон Пресвета Богородица. Согласно Цариградската типик, Акатист кон Пресвета Богородица за време на Великиот пост се служи првите четири петоци, и во секој од петоците се отслужува по една статија од Акатистот, кој е поделен на четири статии во рамките на Канонот, додека, пак, во петтата недела од Великиот пост се служи целиот Акатист.

Running sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

Повеќе...
Страница 274 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2