На 13 април 2009 година, Велики Понеделник, во црквата света Богородица - Каменско во Охрид, Владиката г. Тимотеј во сослужение на свештеник Љупчо Симиџиоски, свештеник Ромео Петрески и ѓакон Димче Азески отслужи света Литургија на Претходноосветени дарови. Првите три дена од Страсната седмица, во Охридското архиерејско намесништво се извршува соборно служење како едноцрквие, додека пак, од средата вечер секој свештеник богослужбите ги продолжува во својата парохиска црква.
jordan Sneakers | Air Jordan Release Dates 2021 + 2022 Updated , IetpНАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
ПРАЗНИКОТ ЦВЕТНИЦИ, СВЕЧЕНО СЕ ПРОСЛАВИ ВО МАНАСТИРОТ "ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – ПРЕЧИСТА" ВО КИЧЕВО
Празникот посветен на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, свечено со божествена архиерејска Литургија се прослави во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум“ во Охрид, Кичевскиот архиерејски намесник протојереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, свештеник Ристо Камбуроски, свештеник Игор Никовски, јеромонах Јосиф и ѓаконите Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Кон верниот народ Владиката се обрати со свечено слово кое може да го преземете овде: ЦВЕТНИЦИ,
МАНАСТИР ПРЕЧИСТА - КИЧЕВСКА
ЛАЗАРЕВА САБОТА
На 11 април 2009 година (Лазарева сабота), Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во манастирот „Свети Георгиј - Победоносец“ во Кнежино - Кичевско, во сослужение на протојереј Војне Ристески, протојереј Зоран Данев и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски, отслужи света божествена Литургија.
url clone | Womens Shoes Footwear & Shoes OnlineПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ
Во Петтата недела од Великиот пост, недела посветена на преподобна Марија Египетска, во манастирот свети Климент и свети Пантелејмон во Охрид се отслужи света архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј, а во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел како и повеќемина свештенослужители од Дебарско-кичевската и Повардарската епархија. Пред започнивањето на божествената Литургија се изврши осветување на оков (покривка) на светиот Претстол кој е изработен во Русија. Кон верниот народ, Митрополитот Агатангел се обрати со поучно слово.
latest Nike release | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , IicfБЛАГОВЕШТЕНИЕ, ПРАЗНИКОТ ПОСВЕТЕН НА ОБЈАВУВАЊЕТО НА БЛАГАТА ВЕСТ ЗА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ
Денес е почеток на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева, и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богордица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!
Благовештение, празникот посветен на објавувањето на благата вест за Христовото раѓање, во Охрид свечено беше прославен со света архиерејска Литургија во катедралната црква „Света Софија“. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан во сослужение на Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Брегалнички г. Иларион, архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“ како и повеќемина свештенослужители.
Кон многубројниот верен народ, кој беше дошол соборно да го прослави објавувањето на благата вест заедно со своите пастироначалници, Архиепископот г.г. Стефан се обрати со свечено слово кое може да го преземете овде: БЛАГОВЕШТЕНИЕ – ПРАЗНИК НА ВЕЧНАТА РАДОСТ
url clone | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp