kaneo

Западно од рибарската насеба Канео на карпа над самото езеро се наоѓа црквата посветена на Св. Јован Богослов. Подигната е во времето на охридското семејство Теологите кои во историските извори се спомнуваат од околу 1200 год., па се до втората половина на тоа столетие.

Градена е од делкан каменно долноиот дел, со наизменични вертикални и хоризонтални делови на длекан бигор и тула во горниот дел, а на апсидалниот дел, источната страни и куполата имаме керамопластично украсување на изгледот на фасадите.

Од фрескоживописот на XIII век се сочувани делови во куполата и апсидата како и на северниот и на јужниот столб. Во калотата на куполата е насликан Исус Христос - Седржател, а во самиот тамбур се претставени осум пророци, групирани по двајца, групирани во цел раст.

Во олтарнасида се насликани композициите ,,Причестувањето на апостолите", ,,Тајната вечера", како и повеќе попрсја на архиереи.
На северниот столб е насликан патронатот Св. Јован Богослов, а каков негов пандан, на јужниот столб - Исус Христос.

Од фризот со архиереите ги издвојуваме ликовите на првиот христијански проповедник на охридски простории Св. Еразмо Лихнидски и патронот на Градот Охрид, Св. Климент Охридски. ,,Причестувањето на апостолите" се насликани во царски одежди, што е реткост во византиското сликарство.

На крај ќе потенцираме дека во оваа црква, која пленува со својата местоположба и фрескосликарство, е крунисан за Солунски цар епирскиот деспот Теодор И Ангел Дука, од страна на Охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан, во првата половина на XIII век, време кога е изградена и живописана оваа црква.

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3