Се наоѓа на околу 4 км. југоисточно од селото Горно Лакочереј.

Црквата е изградена во 1930 година. По својата градба, претставува развиен крст впишан во квадратна основа, со купола на средината. Градена е од делкан камен, во нововизантиски стил. Од јужната страна, истовремено, е изградена припрата. Фрескоживописана е во седумдесеттите години на ХХ век, за време на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Методиј.

Над самиот влез од манастирот, во 1986 година, изградена е камбанарија. Со залагањето на манастирскиот одбор, обновени се конаците и активно се работи на целосно уредување на манастирски комплекс, кој го очекува своето заживување на монашкиот живот. Моментално В.Д. старешина е свештеник Димче Ѓоргиевски.

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3