vraci

Во непостредна близина на Св. Константин и Елена се наоѓа еднокорабната црква Мал ,,Св. Врачи", со живопис од XIV век. Нема податоци за времето на подигањето на црквата бидејќи е уништен поголемиот дел од фрескоживописот.
Целиот фрескоживопис заслужува внимание но ќе ги издвоиме патроните ,,Св. врачи Козмо и Дамјан, насликани на јужниот ѕид во една засводена арка.
Единствено во оваа црква Мал ,,Св. врачи Козмо и Дамјан" и во црквата ,,Св. Вознесение" с. Лескоец, насликан е ,,Св. Климент, кој како патрон и заштитник на Охрид е претставен со модел на градот, кој го држи во левата рака. Во олтарната апсида е насликан ликот на Охридскиот архиепископ Константин Кавасилас.

Она што инпресионира во оваа црква е сочуваниот дрвен иконостас со тордирани столбови, кој е најстариот сочуван иконостас од век. По конзерваторските работи од 1964 година, тој е целосно консолидиран.
Иконостасот ја зафаќа целата широчина на коработ (околу 3 м), а висок е 190 см. Составен е од пет монолитни колонки во резба со капители и архитвар над нив. За разлика од едноставниот, без резба, архитвар, сите други делови на иконостасот имаат извонредна уметничка резбана изведба. Освен двете јужни колони кои се слични само со украсниот мотив на т.н. ,,Херкулов јазол", Другите две колони се сосема различни: едната со изглед на преплетено јаже, а другата на тордиран столб.

Бидејќи најстарата фреско-декорација во оваа црква потекнува приближно од 1325 година, тогаш и овај прекрасен иконостас во црквата Мал ,,Св. Врачи", би требало да се смета за дело од оваа време, нарачано од истиот ктитор.
Двете најубави колони од овај иконостас денес се наоѓаат во Ширванот на најгорниот кат во куќата на Робевци, кој служи како охридска резиденција.

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3