Единствен манастир посветен на сите светии. Се наоѓа во селото Лешани, во областа Долна Дебарца, Охридско. Подигнат е на висорамнина, на плато од огранокот Долни Осој од планинскиот венец Мазатар на Плаќенска Планина.
Нема точни податоци за тоа кога е изградена манастирската црква. Според прочитан запис во црквата од рускиот патеписец Виктор Григорович, црквата била изградена во 1452 година. Меѓутоа, со најновите археолошки истржувања, извршени од страна на Охридскиот Завод и Музеј, се потврди тезата, застапувана од повеќе истражувачи, дека црквата била изградена во 1452 година, но на темели од постара црква. Според откриените артефакти (монети во гробниците околу црквата) се претпоставува дека црквата е изградена во XIII век, можеби и порано. Таа претставува еднокорабна црква, градена од кршен камен и богор. Црквата била фрескоживописана и во внатрешноста и во надворешноста, што претставува реткост. Но, за жал, надворешниот живопис во голема мера е уништен. Авторот на фрескоживописот е непознат, но тој спаѓа во групата на талентирани зографи, што во тој период, сеуште работат во Охрид и неговата околина.

Јужно од старата црква изградена е нова, поголема. Нема податоци кога точно е започната градбата на истата. На еден камен на јужниот ѕид, во горниот лев агол запишана е 1911 година, а во десниот 25 VI, а на плочка од бигор на апсидата пишува: Рис. Блаже. Тоа укажува дека нартексот и наосот биле изградени во 1911 година, а апсидалниот дел бил дограден во 1922 година. Црквата се осветила на манастирската слава во 1926 година. Таа е еднобродна, а во мај 2007 година доби и припрата.

Фрескоживописани се само нартексот и олтарната апсида од непознат зограф. Во внатрешноста на храмот има и иконостас, украсен со резбани венци. На него се наоѓа чудотворната икона на Сите Светии. Има и владички трон, скромно изработен, на кој се наоѓа стара икона на Господ Исус Христос Седржител. Подножјето на тронот лежи на два лава. Нивните автори се непознати, додека иконописот е дело на Крсте Николов и неговиот син Рафаило од Лазарополе. Подот на црквата е од стара керамика, односно специјални тули.

Западно од двете цркви се наоѓа голема зграда со подрум и кат. Изградена е во 1927/28 година. Со заземењето на настојателот на манастирот, отец Вартоломеј, во 2006 година се започна со реновирање на зградата и нејзино адаптирање за манастирски гостоприемен конак.

На јужниот дел од платото, во 1973 година, подигната е мал манастирски конак. Меѓу него и новата манастирска црква има мал објект за продавање на свеќи и чешма.

Манастирската камбана се наоѓа на северната страна од гостоприемниот конак.
Старешина на манастирот, од 1999 година, е јеромонахот Вартоломеј Пројковски. Во манастирот живее и неговата мајка Илинка.

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5