Нашиот верен народ отсекогаш имал голема почит кон светите маченици, кои ги посрамиле своите мачители и се закитиле со рајски венец. Меѓу неизбројното мноштво маченици во диптихот на светиите, кај нашиот народ особено се истакнува великиот маченик Георгиј, кој е славен и почитуван во многу домови, а и народот му посветил многу цркви и манастири, каде ќе може да ги принесува своите молитви кон него. Овој свет великомаченик се јавува и како заштитник на градот Струга, чиј централен храм и го носи неговото име. Затоа и прославувањето на свети Георгиј во градот Струга е толку свечено и торжествено.

 

Откако го прославивме споменот на свети Георгиј ден претходно, според одамна воспоставената традиција во Струга, празнувањето продолжи и наредниот ден на 07.05.2015 година. Прославата започна во утринските часови, кога во храмот „Св. вмч. Георгиј“, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, свештениците Никола Христоски, Петре Бојчиноски, Васко Голабоски, Љупчо Бакрачески и Димитрија Павлески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодно слово, во кое повика на подвиг и исполнување на Божјите заповеди, за да можеме да го поминеме нашиот живот плодотворно, онака како што е случајот и со светите маченици. 

jordan release date | Air Jordan 4 University Blue Clothing New Era Bulls Hat

 

Во вечерните часови повторно се собравме во Струга за да му оддадеме почит на Маченикот. Откако беа пречекани моштите на свети Георгиј од манастирот во Рајчица, беше отслужена свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Партениј,  протоереј-ставрофорите Илија Танаскоски и Сашо Богданоски, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, еромонахот Макариј, свештениците Никола Христоски и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната, беше отслужена и Панихида за сите порано починати ктитори, свештеници и за сите оние кои дале придонес за развојот на храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга. По ова, Митрополитот Агатанел се обрати кон многубројниот верен народ со пригодно слово, во кое ја истакна важноста, но и неопходноста од Христовото воскресение за светот и човековиот род, притоа повикувајќи на учество во радоста на Воскресението. Потоа сиот верен народ, кој се собрал од сите краишта на нашата држава, предводен од свештенството, а украсен и наоружан со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона, се упати на свечена литија (еордија) низ градот Струга, насекаде пеејќи пофални песни за светиот Георгиј и објавувајќи го Христовото Воскресение. Литија беше збогатена со звуците на Градскиот оркестар на град Скопје, а најмладите членови на КУД „Илинден“ Струга, облечени во народни македонски носии, ја украсија литијата фрлајќи разнобојни цветови кон моштите на светиот Георгиј. Оваа година, чест да ги носат моштите имаа: г-дин Владимир Кутановски, г-дин Антон Миса, г-дин Доне Прентоски и г-дин Трпе Дејкоски.  

 

eordija2015

eordija2015 1

eordija2015 2

eordija2015 3

eordija2015 4

eordija2015 5

eordija2015 6

eordija2015 7

eordija2015 8

eordija2015 9

eordija2015 10

eordija2015 11

eordija2015 12

eordija2015 13

eordija2015 14

eordija2015 15

eordija2015 16

eordija2015 17

eordija2015 18

 

    

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јануар 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 31 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1