Нa 08.01.2017 гoдинa, вo хрaмoт "Св. Јoвaн Крстител" вo Џилoнг, Австралија, беше oтслуженa светa aрхиерејскa Литургија, нa кoјa чинoнaчaлствувaше Негoвoтo Висoкoпреoсвештенствo Митрoпoлитoт Дебaрскo-кичевски г. Тимoтеј, вo сoслужение нa прoтoереите Чедoмир Илиевски и Никoлa Христoски и прoтoѓaкoнoт Никoлче Ѓурѓинoски. Пo завршувањето нa Литургијата, Митрoпoлитoт Тимoтеј се oбрaти кoн верниците сo пригoднa беседa, кoјa интегрaлнo ви јa пренесувaме.

best Running shoes | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

 Митрополит Тимотеј

Христос се роди!

„И, навистина, голема е тајната на побожноста: Бог се јави во плот" (1. Тим. 3, 16)

Драги браќа и сестри,

Тоа е големата тајна на верата што ние денес ја прославуваме. На денешен ден небото се отвори и славата Господова ја осени Земјата. Ангелите Божји ја пеат песната на љубовта, мирот и добрата волја помеѓу луѓето. Денес е празник на Божјата љубов кон нас, грешните луѓе. Денес се роди Божјата Правда на Земјата. Денес, Бог се јави во тело. Денес се исполни она за кое пророците пророкуваа, кон кое праотците се стремеа и за кое праведниците и грешниците чезнееа. На денешен ден, пред 2017 години, Словото Плот постана, односно, Второто Лице на Света Троица, Исус Христос постана Човек. Денес го прославуваме раѓањето на Господа Исуса Христа во тело.


Навистина голема е тајната на побожноста. Недостижна за човечкиот ум, за да може да ја разбере големата тајна на Божјото вооплотување. За истата, во една црковна песна се вели: Тајна страна и преславна. Таа е недостижна и за ангелите, а камоли за човечкиот ум. Ние, како луѓе, не можеме да продреме и да ги разбереме земните тајни, а камоли, пак, небесните. Тајните на христијанската вера навистина се недостижни за човековиот ум. Но, ниту една не им противречи на законите на разумот. Затоа, преку нив делува и укажува со Своето благотворно и спасително влијание врз христијанските души и срца и врз сите човечки поколенија. Онаму каде што засветила тајната на христијанството, го прогонува мракот на идолопоклонството и ги облагородува душите на христијаните. Ги издигнува високите морални принципи со добродетели и ги уподобува луѓето со ангелите. Затоа, браќа и сестри, да ја прегрнеме тајната на Божјото вооплотување.


Сокриената тајна од почетокот на вековите се открива на денешен ден. Тајната се случува во необични услови, при најскромен и смирен вид. Предвечното Слово Божјо, Господ Исус Христос, Оној Кој е несместлив во небесата, се раѓа, не во дворски палати, туку во бедна овчарска пештера. Колку е убаво и трогателно опишано ова збиднување во Кондакот на денешниот празник: Дева денес Го раѓа Оној што од секогаш постоел и земјата на Недостапниот пештера Му принесува. Се поставува прашањето, зошто Господ Исус Христос толку се понижил и се родил во пештера? Зошто допуштил да биде повиен во прости пелени и да биде положен во овчарски јасли? Со силните и со богатите многумина би сакале да се дружат и да ги следат. Ако Христос се родеше во царски дворови, многумина ќе појдеа по Него. Но, Он се раѓа како најбеден. Затоа, ќе претрпи казни и неправди и ќе биде суден, тепан и распнат. Но, Неговата наука е вистинска. Целокупната големина на Божјата благост, милост и љубов кон грешниот човечки род е собрана во бедната овчарска пештера. Од неа изгреало Сонцето на Правдата. Од неа ќе засветат зраците на Божјата љубов. Од неа, за прв пат се принесуваат зборовите на блаженствата: Блажени се кротките, блажени се жедните за правда, блажени се милостивите... Во оваа пештера се донело простувањето на гревовите за секоја човечка душа. Токму тука, Бог се смирил во степен на Младенец, за да нè издигне нас, грешните луѓе, до степен на богоподобие. Примил да биде повиен во пелени за да нè одврзе од замките на гревовното ропство. Примил да постане Син Човечки, за ние да бидеме синови Божји.


Бог, според Неговата големата милост и љубов кон нас грешните луѓе, ја пројавува таа тајна на верата. И ние да ги следиме Витлеемските пастири и Источните мудреци. Да Му се поклониме на Христа Овоплотениот. Да ги отвориме нашите срца и души па да може Младенецот Господ Исус Христос да се роди во нас. Он нека ни го осветлува патот и нека ни биде патеводител по правиот и вистински живот, исполнет со добри дела и така да спечалиме вечен и блажен живот. Христос се роди! За многу години.

Втор ден Божик
08.01.2017 год.
Храм „Св. Јован Крстител", Џилонг, Викторија, Австралија

 

20170108 101022-3120x175520170108 105001-3328x187220170108 105012-3120x175520170108 110125-1755x312020170108 110738-3328x187220170108 111530-3328x187220170108 112402-3120x175520170108 131247-3328x1872

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6