На 19.01.2017 гoдинa, пo пoвoд прaзникoт Бoгoјaвление - Вoдици, вo хрaмoт "Св. Петкa" вo Рoкдејл, Сиднеј, беше oтслуженa светa aрхиерејскa Литургија, нa кoјa чинoнaчaлствувaше Негoвoтo Висoкoпреoсвештенствo Митрoпoлитoт Дебaрскo-кичевски г. Тимoтеј, вo сoслужение нa игуменот Гaврил, прoтoерејoт Никoлa Христoски и прoтoѓaкoнoт Никoлче Ѓурѓинoски. Пред зaпoчнувaњетo нa Литургијата, беa oсветени нoвите сaдoви и икoни вo хрaмoт. Пo завршувањето нa Литургијата, беше извршен чинoт нa Гoлем Бoгoјaвленски вoдoсвет, a Митрoпoлитoт Тимoтеј се обрати кон мнoштвoтo верни сo пригoднa беседa, кoјa пoдoлу вo целoст ви јa пренесувaме.
Buy Sneakers | NikeПoтoa сиoт верен нaрoд, предвoден oд Митрoпoлитoт Тимoтеј и свештенствoтo, се упaти кoн вoдите нa сиднејскoтo крајбрежје, кaде, спoред трaдицијaтa, беше фрлен светиoт Крст. Нaјсреќен меѓу oние кoи скoкaa пo Крстoт беше Стефaн Јaнчевски, пo пoтеклo oд Битoлa.
Вo прoдoлжение ви јa пренесувaме беседата нa Митрoпoлитoт Тимoтеј.
Митрополит Тимотеј
„Се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе" (Тит 2, 11)
Драги браќа и сестри,
На денешен ден Христос му се јави на светот и го просвети. На денешен ден, врз Себе, ги зеде нашите гревови и го згази ѓаволот. На денешен ден Божјата благодат блесна од небото за сите луѓе. О чудо големо и преславно! Христос се труди а ние постануваме овенчани. Он ја уништува змиската глава во водата а ние се измиваме од гревовите. Он од небото прима гулаб, а ние примаме опростување на гревовите. Он е посведочен од Бога како Возљубен Син, а ние,преку Него, постануваме синови Божји. Денеска се радува сета водна природа. Сите реки, езера, мориња и океани. Се радуваат сите води затоа што се осветија од небесната Зора, Исуса Христа.
Мислено да отидеме на Јордан и да видиме како Христос се крштева и како ги очистува луѓето. Да видиме како чудесно се јавил според зборовите на пророкот Давид: „Морето виде и избега; Јордан се врати назад. Што ти стана тебе море, па бегаш, и тебе, Јордане, па назад се враќаш?" (Пс. 113, 3 и 5). Бог Господ се јави во Јордан со Тело. Им се покажа на ангелите. Им се јави на Евреите и на незнабошците. Му се јави на светот. Беше прославен од луѓето и со крштението ни подари спасение.
Денес гледаме мисловен потоп на Јордан. При Ноевиот потоп, Бог ја потопи Земјата и ги уништи луѓето, а сега, Бог ги потопува гревовите и ги оживува луѓето. Тогаш, Ное направи кораб од негнилежно дрво, а сега, Христос примил од Марија нетлено тело. Таму, гулаб на Ное му донел маслиново гранче, а сега, Светиот Дух слегува како гулаб врз Христа. О колку е големо Христовото смирение. Оној Кој е безгрешен, се понизи како грешник. За да ги очисти нашите гревови се крсти во Јордан како човек од Јована. Веднаш небесата се отвораат и се слуша гласот на Бог Отец: „Ти си Мојот возљубен Син, во Тебе е Мојата волја" (Лк. 3, 22). Св. Јован кога ги крштевал Евреите и фарисеите, ги потопувал целосно за да ги исповедаат гревовите, па дури, потоа ги оставал да излезат од водата. Но, Христос, Кој немал грев кој би го исповедал, веднаш излегол од водата која, пак, ја освети со Пречистото Негово Тело и во неа го потопи древниот Адамов грев. Го обнови човечкиот род и му подари небесно царство.
Ете како Бог го воспостави нашето спасение и нè доведе до првобитното достоинство, кое Адам го беше изгубил. Ние, знаеме дека Бог кога нè создаде, нè направи чесни и добри, а после, поради лукавството на сатаната, постанавме нечесни и смртни. Го заборавивме Бога и паднавме во идолопоклонство. Па од милост кон родот човечки, Бог, се смили над нас и слезе од небото. Ја остави ангелската слава, постана човек, се смири како грешник, само за да нè врати на првобитната слава и убавина.
И ние денеска, наоѓајќи се во овој свет храм, со покајни солзи да ги измиеме нашите престапи, грешки и гревови, и така очистени од секакви духовни нечистотии, да измолиме милост Божја. Милоста Божја да слезе врз нас. Да ни го осветли патот и да ни го просвети умот за да може да одиме по Христа. И така, живеејќи во Христа да спечалиме живот вечен и царство небесно. Амин!
Богојавление
19.01.2017
Храм „Св. Петка", Рокдаел, Сиднеј, Австралија