„За Тебе, распнатиот Господ и погребан, ангелот проповедаше и на жените им говореше: Дојдете, видете каде лежеше Господ, зашто Он воскресна, како што рече, како сесилен. Затоа Ти се поклонуваме Тебе, единствениот бесмртен, Животодавче Христе, помилуј нè“ (стихира на Господи повикав... во светата и Велика Недела на Пасха Вечер).
На 16.05.2017 година, во вечерните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, според традицијата во нашиот град, беше отслужена свечена Пасхана вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Вечерната богослуѓба беше прочитано и дел од Евангелието според Јован на повеќе јазици (црковнословенски, македонски, грчки, латински, француски, англиски, италијански и руски), а потоа беше прочитано и Велигденското послание, испратено од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј, со црвено јајце, им го честита Празникот над празниците на мноштвото верни чеда, со најрадосниот поздрав за човештвото: Христос воскресе!
Sports brands | Altra Timp 3 Review , Best Trail Running Shoes 2021