„Доброволно испосништво и труд си посакал, богомудри, и рамноангелен и духовен живот на земјата си покажал; а за многубројните подвизи си примил награда - даровите на Светиот Дух, бидејќи си бил пастир на словесното стадо и неисцрпно море на чудеса; и совршенство на свештенството, правило на монасите, вистински пророк на идни (настани), учител на многу народи и нов апостол“ (стиховна стихира на Вечерна на свети Климент Охридски).

 

Споменот на светиот Климент Охридскиот Чудотворец, патронот на нашата света Македонска православна црква и заштитникот на нашиот град, започна на 07.12.2017 година, со празнична Вечерна богослужба, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба, беше отслужен Молебен на свети Климент Охридски пред неговите свети мошти.

Authentic Nike Sneakers | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

 

Торжествата во спомен на нашиот свет архипастир Климент, продолжија на 08.12.2017 година, во Светиклиментовиот манастир, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Атанас Казанџиски, Владо Недески, Игор Младеновски, Александар Зашов, Љупчо Бакрачески и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Дејан Борисов и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

 

Оваа света Литургија, засекогаш ќе остане запаметена за ѓаконот Сашо Целески, кој од раката на нашиот надлежен Митрополит Тимотеј беше ракоположен во свештенички чин. Отец Сашо е роден во Охрид, каде што го завршува основното образование. Средно образование завршил во МПБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а високо на ПБФ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Магистрирал на Источниот институт во Рим, каде што моментално е докторанд. Во ѓаконски чин е ракоположен од страна на Митрополитот Тимотеј на 09.08.2012 година во Охрид. Моментално е асистент на ПБФ во Скопје, а работи и како хонорарен референт во Дебарско-кичевската епархија во Охрид. Од името на Митрополитот Тимотеј, и од името на сета Епархија, му го честитаме чинот на отец Сашо, со желби и молитви кон Бога, Он да го води на патот на извршувањето на Неговите заповеди, а тој совесно и достоинствено да ги извршува своите свештенички должности, за спасение на доверената му паства и за негово спасение. 

 

Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Секогаш кога доаѓаме во манастирот на св. Климент, Охридскиот Чудотворец, се допираме до нашите духовни корења, и тоа, не само до корењата на Македонскиот народ, туку, и до корењата на останатите словенски народи. Мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, којашто е од епохално значење, немаше да суштествува ако истата не беше продолжена од св. Климент во Охрид. Затоа св. Климент е еден жив извор на нашата духовна култура, просвета и наука. Св. Климент, како што знаеме, живеел во деветтиот и почетокот на десеттиот век. Неговиот подвиг и труд го одбележал не само временскиот период во кој физички тука дејствувал, туку и през сите останати векови до денес.


Ние, овде, со сигурност знаеме дека стапнуваме на свето место. Плаошкиот манастир бил силен, но, не со физички крепости и со оружје, туку, тој бил силен со духот и силата на Православната вера. Зашто силата на духот, силата на молитвата и силата на верата биле главна ризница и главниот стожер на ова место. Затоа овој манастир собира огромна маса луѓе, кои сакаат својот духовен подвиг и својата вера да ја манифестираат. Но, што означува тоа? Тоа значи само едно. Светиот човек се јавува како реално видливо присуство на Божјата благодат во светот. Тоа е највидливо сведоштво на Божјото битие.


За да ја зацврстат својата вера, луѓето секогаш прибегнувале кон духовните великани. Прибегнувале да се допрат до нив, а преку тоа и самите да постанат посилни, да се осветат, односно, да се облагодатат. И ние денеска, кои присуствуваме во овој свет манастир, ја чувствуваме таа благодат. Но, истата таа благодат ќе ја почувствуваме ако нашите срца не се скаменети. Го чувствуваме тоа посебно делување на Духот Божји и затоа знаеме дека се наоѓаме на свето место. Затоа се поклонуваме на светите мошти на св. Климент, а преку тоа, припаѓаме кон благодатта Божја, којашто се пројавува преку неговите мошти. Излегуваме од манастирот утешени, охрабрени, зацврстени во верата и подготвени да правиме добри дела и да ја сведочиме нашата Православна вера.


Св. Климент Охридски живеел подвижнички живот. Во неговото житие се вели дека не им давал дремка на очите и одмор на клепките. Подвижништвото означува носење на духовен подвиг, а подвигот секогаш подразбира самоодрекување. Подвиг не може да направи оној кој работи само за себе, за својата благосостојба, за пари, за кариера и кој се предава на светската суета. Подвигот секогаш бара себедавање на ближните. Подвигот е сораспнување со Христа. Со таков подвиг, својот живот го започнал св. Климент Охридски. Така, тој растел од сила во сила и, сега, за нас се јавува како голем пример. Aко сакаме да живееме како што заповедал Господ и да ги следиме Неговите угодници, тогаш, должни сме да научиме да се подвизуваме. Некој со поголеми, некој со помали подвизи. Сето тоа зависи од нашата духовна сила. Подвизувајќи се, ние се откажуваме од себеси. Преку жртвувањето да бидеме подготвени да му служиме на Божјото дело и за повисоки идеали.


Секој човек е должен да се изменува духовно. За тоа, секој еден од нас треба своите постапки да ги стави пред судот на својата совест, односно, дали во својот живот оди напред или, пак, стои во место. Ако стоиме во место, тоа значи дека се деградираме, односно, не одиме по патот на св. Климент и по патот на светиите. Затоа, должни сме да ги испитуваме нашите мисли, нашите дела и постапки, пред својата сопствена совест и пред лицето Божјо. Ако човек се труди во својот живот да се искачува кон светото и возвишеното, и ако секој ден става и најмало камче – влог во градењето на тие скали, тогаш, тоа значи дека тој човек оди по патот на спасението.


Ние сме должни да знаеме дека без подвиг нема спасение. Независно дали тоа е голем или мал, подвигот е неопходен. Ако имаме подвиг, никакви искушенија или непријатности, ниту внатрешни, ниту надворешни, нема да можат да нè попречат да одиме по патот по којшто одел св. Климент Охридски. Да се обратиме со искрена молитва кон св. Климент, Охридскиот Чудотворец да ни ја зацврсти верата. Секогаш закрилувани од него, да правиме подвизи според нашите сили и да одиме по вистинскиот пат кој води кон царството небесно.


Ја користам оваа прилика, од името на свештенослужителите и од свое име, на новоракоположениот свештеник Сашо Целески да му го честитам чинот. Свештеничкиот чин носи го достоинствено, за слава на Троичниот Бог, за афирмација и просперитет на Светиклиментовата македонска православна црква и за спасение на твојата душа. Св. Јован Златоуст, учејќи за црковната ерархија, ни кажува дека свештеничката служба е повозвишена и од ангелската. Но, таа возвишеност, истовремено бара и подвиг и одговорност, како за себе, така и за доверената паства, која во својот пастирски живот, во иднина, ќе ја добиваш од повисоката ерархија. Овие поуки од св. Јован Златоуст имај ги секогаш на ум и труди се, според твоите психофизички сили, да придонесуваш за доброто на словото Божјо, а сѐ, за спасение на поверената ти идна паства. Како што велиме во Охрид, носи го свештеничкиот чин со бел образ. За многу години.

 

св. Климент Охридски
08. 12. 2017 година
манастир „Св. Климент и св. Пантелејмон" - Плаошник

 

svklimzim2017 1svklimzim2017 2svklimzim2017 3svklimzim2017 4svklimzim2017 5svklimzim2017 6svklimzim2017 7svklimzim2017 8svklimzim2017 9svklimzim2017 10svklimzim2017 11svklimzim2017 12svklimzim2017 13svklimzim2017 14svklimzim2017 15svklimzim2017 16svklimzim2017 17svklimzim2017 18svklimzim2017 19svklimzim2017 20svklimzim2017 21svklimzim2017 22svklimzim2017 23 

   

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5