Биографија на Епископот Антаниски Партениј

Раѓање и школување

Роден е на 29.X 1970 год. во Битола. Средно училиште завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Дипломирал на Теолошкиот факултет во Скопје и има запишано последипломски студии на истиот факултет.

Замонашување, ракополагања и хиротонија

Од 1992 година престојува во манастирот Григоријат на Света Гора. Замонашен е на 5.VIII 1995 год. во манастирот „Св. Јован Бигорски“ од страна на митрополитот Тимотеј. Следниот ден на 6.VIII 1995 год. е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир. За јеромонах е ракоположен на 9.VIII 1995 год. во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, од митрополитот Тимотеј. За игумен е поставен на 7.VII 1996 год. По предлог на митрополитот Тимотеј од САС на МПЦ е одликуван со граден крст со архимандритски чин на 7.VII 1998 год. во манастирот „Св. Јован Бигорски“. Со одлука на САС на МПЦ, на 12. VII 2020 година, во храмот ,,Св. Софија” во Охрид, е хиротонисан во епископски чин, со титулата епископ Антаниски.