Храмови

  • „Света Богородица Перивлепта“

    Црквата е отворена од 7 до 16 часот секој ден. Телефон: 046/266-393 Свештеници кои служат во овој храм: Местоположба, ктиторство и архитектонска основа Црквата „Св. Богородица Перивлепта“ се наоѓа во стариот дел од Охрид и до неа се доаѓа лево од Горна Порта. Изградена е во 1295 год. од Прогон Згур, византиски војсководец и намесник…

    „Света Богородица Перивлепта“

  • „Света Софија“

    Местоположба, потекло и архитектонска основа Црквата „Света Софија“ е катедралната црква на Охридската Архиепископија. Посветена е на Господ Исус Христос како Божествена Премудрост, односно Софија. Таа претставува најголема средновековна црква во Дебарско-кичевската епархија. Катедралата е изградена врз темелите од ранохристијанска базилика. Времето на нејзината изградба сè уште не е точно утврдено, но тоа било или…

    „Света Софија“

  • „Свети Никола Геракомија“

    Местоположба, назив и парохиско значење Црквата „Св. Никола Геракомија“ е главната парохиска црква во Првата парохија. Во претходниот период оваа парохија беше именувана како Прва охридска парохија. Црквата се наоѓа на педесетина метри источно од црквата „Света Софија“. Црковниот двор е уреден и целосно ограден со камен, а во него се влегува преку дрвена порта…

    „Свети Никола Геракомија“

  • „Свети Јован Богослов“ – Канео

    Местоположба и значење Црквата „Св. Јован Богослов“, позната и како „Св. Јован Канео“, е изградена на висока карпа над Охридското Езеро, западно од рибарската населба Канео. Нејзината местоположба, поставена на доминантно место со широк видик кон југоисточната и северозападната страна на езерото, ѝ дава вонредна убавина и ја вбројува меѓу најпрепознатливите симболи на Охрид. Малку…

    „Свети Јован Богослов“ – Канео

  • „Свети Димитриј“

    Местоположба и архитектонска поставеност Оваа црква посветена на великиот солунски воин „Св. Димитриј“ се наоѓа веднаш под црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Црквата претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида од источната страна. Црквата е градена од камен и печена тула. Покриена е со керамиди на две страни и во неа има влез од западната и…

    „Свети Димитриј“

  • „Рождество на Пресвета Богородица“

    Местоположба, архитектура и градба Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ се наоѓа под црквата „Св. Јован Богослов“, во рибарската населба Канео, во стариот дел на Охрид. Нејзината местоположба е веднаш до брегот на Охридското Езеро и поради тоа од југоисточната страна на црквата е изграден бедем за заштита на црквата од езерските бранови. Црквата претставува мала…

    „Рождество на Пресвета Богородица“

  • „Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан“

    Локација, архитектура и градба Црквата „Св. Козма и Дамјан“ во Охрид е позната како Големи Свети Врачи. Се наоѓа југозападно над малата црква „Св. Варвара“ и Античкиот театар во стариот дел од градот. Таа претставува трикорабна црква, со седмострана апсида од источната страна. Во внатрешноста е изградена централна купола на четири столба. Црквата е изградена…

    „Големи Свети Врачи – Козма и Дамјан“

  • „Свети Никола Чудотворец“

    Местоположба и историски податоци Црквата „Св. Никола Чудотворец“ се наоѓа во близината на црквата „Св. Богородица Челница“. Изградена е врз темелите на постара црква и била обновувана повеќе пати во текот на вековите. Таа претставува еднокорабна црква, која е ѕидана од камен и е со еден влез од западната страна. Покриена е со керамиди на…

    „Свети Никола Чудотворец“

  • „Свети Никола“ – Долна Маала

    Местоположба и историски контекст Црквата „Св. Никола“ се наоѓа јужно во градот Охрид помеѓу улиците „Спас Банџов“ и „Партизанска“, во населбата викана Долна Влашка Маала. Изградена е во 1863 год. од страна на влашките доселеници од Москополе и Старова, кои се населиле на периферијата од тогашниот Охрид, оформувајќи две населби, или маала. Првата населба е…

    „Свети Никола“ – Долна Маала

  • „Света Варвара“

    Местоположба и општи податоци Црквата посветена на „Св. вмч-ца Варвара“ се наоѓа во стариот дел од Охрид наречен Варош, на улицата Илинденска од десната страна кога се оди кон црквата „Света Софија“. Всушност црквата се наоѓа веднаш до влезот во Античкиот театар. Изградена е во 1965 год. Архитектонска поставеност и градба Таа претставува мала еднокорабна…

    „Света Варвара“