-
По повод претстојните празници, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, ќе богослужи и ќе проповеда:
– 02.07.2026 г. Навечерие на споменот на свети Наум Охридски, празнична Вечерна богослужба, со почеток во 19:00 часот, во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Охрид.
– 03.07.2026 г. Спомен на свети Наум Охридски, Света архиерејска Литургија, со почеток во 08:45 часот, во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Охрид.
