Свети Макариј Оптински

  • Поука од Свети Макариј Оптински

    Моли се едноставно. Во своето срце не очекувај да најдеш некаков особен дар на молитва. Сметај се себеси за недостоен за тоа – тогаш ќе најдеш мир. Искористи ја празната, ладна сувост на твојата молитва како храна за твоето смирение. Постојано повторувај: ,,Не сум достоен, Господи, не сум достоен!” Но смирено кажувај го, без вознемиреност.…


  • Поука од Свети Макариј Оптински

    Подобро е за нас, откако ќе ги согледаме своите падови, да се смируваме и неволно да се сметаме себеси за полоши од другите, отколку да ги гледаме своите божемни подвизи, а да не се потопуваме во длабочината на смиреномудрието.