Свештенство

  • Христијан Костоски

    Свештеник Христијан Костоски

    Парохиски свештеник при храмот ,,Св.вмч. Георгиј” – Струга

    Телефонски број: 071 242 915

    Раѓање и школување

    Роден на 28. IV 1992 година во Струга, од родители Милан и Снежана, со живеалиште во населба „Мислешевски пат“, Струга. Основно училиште, од прво до осмо одделение, завршил во ОУ „Браќа Миладиновци“ Струга. Средно училиште завршил во средното богословско училиште „Св. Климент Охридски“ во с. Драчево, Скопје. Запишан е на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во учебната 2011/12 година, како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Моментално е апсолвент при истиот факултет.

    Ракополагања

    На 3. VII 2015 година е ракоположен за чтец од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј во манастирот „Св. Наум Охридски“. На 19. VIII 2015 година е ракоположен во ипоѓаконски и ѓаконски чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во соборниот храм „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга. На 07. V 2019 година е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во соборниот храм „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга.

    Христијан Костоски