Свештенство

  • Оливер Димитров

    Свештеник Оливер Димитров

    Парохиски свештеник при црквата „Света Троица“ во Охрид

    Телефонски број: 075 438 383

    Раѓање и школување

    Роден на 27. III 1976 година во Охрид, од родители Михајло и Воскресија, со живеалиште во Охрид. Основно училиште завршил во ,,Свети Климент Охридски”, Охрид, а средното образование го завршил во ОЕМУЦ ,,Свети Наум Охридски”, Охрид. Со благослов на надлежниот митрополит Тимотеј своето образование го продолжил на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Со благослов на надлежниот митрополит Тимотеј продолжил на последипломски студии на Филозофскиот факултет при Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија, Р. Бугарија, кои и успешно ги завршил.

    Ракополагања

    На 04. II 2022 година во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ во Охрид е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. На 13. II 2022 година во храмот „Свети Никола Геракомија“ во Охрид е ракоположен за свештеник од страна на митрополитот Тимотеј.

    Оливер Димитров

  • Павел Крцоски

    Свештеник Павел Крцоски

    Парохиски свештеник на Велгошката парохија при црквата „Св. вмч. Пантелејмон“ – с. Велгошти

    Телефонски број: 070 471 571

    Раѓање и школување

    Роден на 3. VII 1973 година во Охрид, од родители Наум и Младенка, со живеалиште во Охрид. Основно училиште завршил во Охрид. Средно училиште завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во с. Драчево, Скопје. Запишан е на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во учебната 1993/94 година, како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршил на 8. XII 2015 година и се стекнал со академски степен дипломиран теолог.

    Ракополагања

    На 20. III 2016 година е ракоположен за ѓакон од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид. На 27. III 2016 година е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во с. Рајчица, Дебар.

    Павел Крцоски

  • Ристе Наумоски

    Свештеник Ристе Намоски

    Парохиски свештеник на Ложанска парохија при црквата „Св. Власиј“ – с. Ложани

    Телефонски број: 070 836 173

    Раѓање и школување

    Роден е на 2. II 1972 година во село Нерези, Струга, од родители Ѓорѓи и Ратка, со живеалиште во село Нерези. Основно училиште од прво до четврто одделение завршил во село Нерези, а од петто до осмо одделение во село Луково – Струшко. Средно училиште завршил во Центар за средно насочено образование „Нико Нестор“ во Струга. Запишан е на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во учебната 1991/92 година, како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршува во 2004 година и се стекнува со академски степен дипломиран теолог.. Во 2011 година успешно ги завршува последипломските студии на Филозофскиот факултет – Институт за Национална Историја во Скопје, по што се здобива со академски степен магистер по историски науки.

    Ракополагања

    На 30. IX 1997 година е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од митрополитот Тимотеј во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид. На 10. X 1997 година е ракоположен во свештенички чин од истиот митрополит во црквата „Св. Спас“.

    Ристе Наумоски

  • Ристо Камбуроски

    Свештеник Ристо Камбуроски

    Парохиски свештеник при црквата „Св. Петар и Павле“ – Кичево

    Телефонски број: 078 330 441

    Раѓање и школување

    Роден е на 6. I 1973 година во село Горно Крчиште – Р. Албанија, од родители Кочо и Трајанка. Основно и средно образование завршил во Р. Албанија, а во 1993 година се запишува во МПБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје и завршува во 1997 година.

    Ракополагања

    На 11. IX 1999 година во манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“ од раката на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј е ракопроизведен за чтец и ипоѓакон и ракоположен за ѓакон. На 12. IX 1999 година е ракоположен за свештеник во храмот „Св. Јован Крстител“ – с. Староец.

    Ристо Камбуроски

  • Роберт Илијевски

    Свештеник Роберт Илијевски

    Парохиски свештеник при црквата ,,Св. вмч. Георгиј” во Охрид

    Телефонски број: 071 210 684

    Раѓање и школување

    Роден на 25.IV 1987 год. во Куманово, од родители Чедомир и Сузана со живеалиште во населба Карпош – Куманово. Основно училиште од прво до осмо завршил во училиштето ,,Магдалена Антова’’ во нас. Карпош-Куманово. Со благослов на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, се запишува 2002 година во средното богословското училиште ,,Св. Климент Охридски’’ во село Драчево – Скопје и завршува во 2007 година. Запишан е на Теолошкиот факултет ,,Св.Климент Охридски’’ во Скопје во учебната 2007/2008 година.

    Ракополагања

    На 4.XII 2014 год. во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид е ракоположен во ѓаконски чин од страна на митрополитот Тимотеј. На 8.XII 2014 год. во манастирот ,,Св.Климент и Св. Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Тимотеј.

    Роберт Илијевски

  • Ромео Петрески

    Свештеник Ромео Петрески

    Парохиски свештеник на Мешеишката парохија при црквата „Св. Петар и Павле“ – с. Мешеишта

    Телефонски број: 078 425 268

    Раѓање и школување

    Роден на 3. VI 1971 година во Охрид, од родители Стојан од с. Врбјани, Охридско, и Горица од с. Кошино, Прилепско, со живеалиште во Охрид. Основно образование завршил во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во населба Драчево – Скопје, во периодот од 1986 до 1991 година. Запишан е на Теолошкиот факултет во Скопје во 1991 година.

    Ракополагања

    На 9. XII 1997 година е ракоположен за ѓакон во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Охрид од митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. На 9. XII 1998 година е ракоположен за свештеник во црквата „Св. Богородица“ – Каменско во Охрид од митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.

    Ромео Петрески

  • Саше Костадиноски

    Свешетеник Саше Костадиноски

    Парохиски свештеник при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Македонски Брод

    Телефонски број: 078 328 937

    Раѓање и школување

    Роден е на 10. VII 1983 година во Скопје, од родители Радислав и Славица. Во 1985 година со своите родители се враќа во родното место Македонски Брод, каде што завршува основно образование. Со благослов на надлежниот митрополит Тимотеј, во 1998 година се запишува во МПБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Богословијата ја завршува успешно во 2003 година и се стекнува со диплома завршен богослов. Истата година се запишува на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“.

    Ракополагања

    За чтец, ипоѓакон и ѓакон е ракоположен на 27. X 2008 година во манастирот „Св. Петка“ во с. Велгошти, Охридско, од страна на митрополитот Тимотеј. За свештеник е ракоположен на 8. XI 2008 година во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, во Охрид, од митрополитот Тимотеј.

    Саше Костадиноски

  • Сашо Богдановски

    Протоереј-ставрофор Сашо Богдановски

    Парохиски свештеник при црквата ,,Св. вмч. Георгиј” во Охрид

    Телефонски број: 078 331 450

    Раѓање и школување

    Роден на 23. V 1965 година во село Добрушево – Битолско, од родители Иван и Божана. Основно образование завршил во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во с. Добрушево – Битолско. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје во периодот 1979–1983 година.

    Ракополагања

    Ракоположен во ѓаконски чин на 22. III 1986 година во црквата „Св. Никола“ – Геракомија во Охрид, од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Ракоположен за свештеник на 23. III 1986 година во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, од страна на митрополит Тимотеј.

    Сашо Богдановски

  • Сашо Ристески

    Свештеник Сашо Ристески

    Парохиски свештеник при црквата „Света Троица“ во Охрид

    Телефонски број: 070 307 189

    Раѓање и школување

    Роден е на 25. V 1974 година во Белград, од родители Љупчо и Нада Ристески, со место на живеење во Охрид. Основно училиште од прво до осмо одделение завршил во Битола. Средно училиште завршил во Електро-машински училишен центар „Св. Наум Охридски“ во Охрид. На Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје е запишан во учебната 1997/98 година, како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот, после неколку години паузирање како апсолвент поради ѓаконската служба, го завршува на 19. X 2006 година и се стекнува со академски степен дипломиран теолог.

    Ракополагања

    На 14. I 2002 година е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. На 9. X 2005 година е ракоположен во свештенички чин во црквата „Св. Богородица – Каменско“ во Охрид, од страна на митрополитот Тимотеј.

    Сашо Ристески

  • Стевче Тошевски

    Протоереј Стевче Тошевски

    Парохиски свештеник при црквата „Св. Петар и Павле“ – Кичево

    Телефонски број: 078 330 446

    Раѓање и школување

    Роден е во 1964 година во с. Добрушево – Битолско, од родители Александар и Славка Тошевски. Основно образование завршил во с. Добрушево во 1979 година, а средно образование во МПБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје во 1983 година.

    Ракополагања

    На 2. VIII 1986 година во храмот „Св. Ѓорѓи“ во Струга од страна на митрополитот Тимотеј е ракоположен во ѓаконски чин. На 8. VIII 1986 година од страна на истиот митрополит е ракоположен во свештенички чин во манастирот „Св. Петка“ – с. Велгошти.

    Стевче Тошевски