Свети Серафим Саровски
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Ниту ѕидовите, ниту раскошниот мебел не го прават домот дом. Богатите во величествените вили може никогаш да не знаат за дом. Но таму каде што се добрите односи, каде што љубовта го држи семејството заедно и кон Бог, таму секогаш ќе има среќа. Зашто добрите односи се насекаде небо.
-
Поука од Свети Серафим Саровски
За чување на мирот во душата потребно е човек почесто да влегува во себе и да се прашува: ,,Каде сум јас?”
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Кога човекот ќе се погрижи да има смирено срце и спокојна, мирна мисла, сите замки на ѓаволот стануваат недејствителни, бидејќи каде што е мирот на помислите, таму пчива Самиот Господ Бог: ,,Во мирот е Неговото место” (Пс. 75, 3)
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Ништо не е подобро од мирот во Христос, во кој престанува секоја борба со поднебесните духови.
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Обележје на една разумна душа е умот да се сврти кон себе и да дејствува во срцето. Тогаш благодатта Божја го осенува умот и тој го достигнува надсветовниот мир.
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Дали е вомзожно да не се радуваш кога со сетилните очи го гледаш сонцето? Меѓутоа, колку е поголема радоста кога умот со внатрешното око Го гледа Сонцето на правдата – Христос. Тогаш човекот навистина се радува со ангелска радост.
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Мирот во душата се стекнува со страдање. Патот на оние што сакаат да Му угодат на Бог минува низ многу тешкотии.
-
Поука од Свети Серафим Саровски
Должни сме своите мисли, желби и дејства да ги концентрираме на стекнување на мирот Божји.