Книги

  • Свети Константин Кавасила

    Ова издание на епархијата излезе од печат непосредно пред прославата за возобновување на споменот на големиот архипастир на Охридската Архиепископија, славниот свети Константин Кавасила. Во првиот дел од книгата е поместен опширен животопис на светителот кој е плод на повеќегодишните истражувања на теологот Виктор Недески. Во вториот дел е поместена Дохијарската богослужба на светителот во…

    Свети Константин Кавасила

  • Охридски Источник I

    Во оваа книга се изложени празничните беседи на Неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, изговорени до 2009 година, а подредени според хеортолошкиот круг на празниците почнувајќи од јануари. Овие пастирски слова на нашиот митрополит се одлична поука за секој христијанин, а особено за македонскиот верник бидејќи и при изговарањето биле наменети токму за него. Покрај…

    Охридски Источник I

  • Библија

    Формат: тврда корица Цена: 1.500 ден.


  • Гласот на пастирот

    Трудот на прота Спасе Стефановски што ѝ го препорачуваме на македонската јавност претставува значаен прилог за расветлувањето на црковниот и националниот живот на Македонците сплотени во Македонската православна црква, а пластичниот јазик во изразувањето на неговите мисли во беседите и во јавните настапи по различни поводи – на црковни, историски, културно-просветни, спортски и други свечености…

    Гласот на пастирот

  • Посланијата до Серапион

    Значајно богословско издание посветено на посланијата на свети Атанасиј Велики упатени до епископот Серапион. Делото ги осветлува догматските борби на ранохристијанската Црква, особено учењето за Светиот Дух, и ја покажува трајната теолошка и духовна актуелност на православното предание. Книгата е дело на д-р Виктор Недески. Издание од 2022 година. Формат: тврда корица Број на страни:…

    Посланијата до Серапион

  • Пограничен човек

    Оваа книга е дело на митрополитот Николај Месогејски кој е реномиран теолог, физичар и биоетичар, кој работел и како научен соработник во НАСА. Книгата претставува збир од четири негови предавања за болката, неодговорените прашања, средбата со Бога и автентичното искуство. Од грчки ја преведе теологот Виктор Недески. Формат: мека корица Број на страни: 102 Цена:…

    Пограничен човек

  • Преполовение или Руса среда

    Неодамна од печат излезе оваа прва книга на Виктор Недески, дипломиран богослов на богословскиот факултет од Аристотеловиот универзитет во Солун. Книгата претставува хеортолошки осврт на празникот Преполовение и проблемот на словенските пагански верувања поврзани со него.  Г-дин Виктор Недески се зафаќа со оваа проблематика многу сериозно и студиозно и го расветлува најпрво самиот празник како…

    Преполовение или Руса среда

  • Свети Арсениј Кападокиски

    Ова издание е опширно житие на современиот светител, подвижник и чудотворец, Арсениј Кападокиски составено од познатиот старец и светител Пајсиј Светогорец. Превод е на теологот Виктор Недески. Формат: тврда корица Број на страни: 120 Цена:

    Свети Арсениј Кападокиски

  • Плаошки Мироглед

    Ова дело на Неговото високопреосвештенство, митрополиот Дебарско-кичевски Тимотеј, претставува единствено од овој тип во поновиот период од историјата на Македонската православна црква. Во книгата, покрај мноштвото беседи, е претставен неговиот севкупен творечки опус за време на неговата архипастирска дејност, објавен во црковни и други списанија во периодот од 1981 до 2012 година. Со еден збор,…

    Плаошки Мироглед

  • Евхаристиско богословие

    Ова книга е збир од необјавени есеи на литургиски теми на еден од најпознатите православни богослови од Запад од дваесеттиот век – протоереј Александар Шмеман. Сакајќи да ги разбие схоластичките бариери кои преку западното богословие во извесна мера влијаеле и на источната православна Црква, Шмеман карактеристично забележува: „Литургиското богословие не е дел од теологијата, не…

    Евхаристиско богословие