Ова издание на епархијата излезе од печат непосредно пред прославата за возобновување на споменот на големиот архипастир на Охридската Архиепископија, славниот свети Константин Кавасила. Во првиот дел од книгата е поместен опширен животопис на светителот кој е плод на повеќегодишните истражувања на теологот Виктор Недески. Во вториот дел е поместена Дохијарската богослужба на светителот во превод и со дополнување од истиот теолог. Третиот дел од книгата е Акатист на свети Константин Кавасила, творба на теологот Александар Димоски. Топло ја препорачуваме на сите кои сакаат да се запознаат со ликот и делото на овој значаен, но малку познат охридски светител.
Формат: тврда корица
Број на страни: 134
Цена: 300 ден.






