-
Поука од Свети Андреј Јуродив
Што имаме ние во овој суетен свет? Ние не сме создадени за навек да останеме во него, туку во него богоугодно да се подвизуваме, па потоа да си одиме во својата Небесна Татковина.
-
Поука од Свети Дионисиј Ареопагит
Нели е вистина дека Христос им се приближува со љубов на оние што се оттргнуваат од Него? Дека се бори со нив, ги моли да не ја презираат Неговата љубов, а ако покажат само презир и останат глуви на Неговите молби, Самиот станува нивен застапник?
-
Поука од Преподобен Антониј Оптински
Какво било огорчение да те стигне, каква било непријатност да ти се случи, речи: ,,Ќе го претрпам тоа за Исус Христос!”, и ќе ти биде полесно. Бидејќи името на Исус Христос е силно. При него сите непријатности се стишуваат, бесовите исчезнуваат. Се стишува и унинието што ти се случува, се успокојува и твоето малодушие.
-
Поука од Свети Арсениј Папачок
Од сè срце Му благодарам на Бог што ми даде крст. Вака си размислував: ,,Бев вистинољубив во мојот живот, но тоа не е доволно; мора да се распнеш себеси!” И многупати си кажував: ,,Треба да умираш и да воскреснуваш секој ден! Ако не знаеш да умреш, не надевај се на воскресение!”
-
Поука од Свети Фотиј Велики
Кај секој што оди на грев мислите како да му се закочуваат и видот за разликување е повреден, со што лукавиот, советувајќи и залажувајќи, нè опушта и замајува. А по постапката, тој го става пред нашите очи направеното и жестоко го открива она што претходно со многу лукавства го сокрил, и разобличувајќи ја тежината на…
-
Поука од Светите Сергиј и Вакх
И честа и бесчестието, и животот и смртта се едно и исто за оној што го бара Царството Небесно.
-
Поука од Преподобен Јосиф Исихаст
Кога ќе забележиш утеха во срцето, просветлување во умот и созерцание, веднаш подготви се. Не вели: ,,Ми се даде одмор”, туку подготви го своето оружје – солзи, пост, бдеење и молитва – и стражари над своите сетила за да го чуваш умот. Запрашај се: ,,Се прашувам од каде ли ќе започне битката? Од демоните? Од…
-
Поука од Свети Николај Залитски
Смирението е како полн пченичен клас – колку е пополн и позрел, толку потешко и пониско паѓа кон земјата.
-
Поука од Преподобен Јосиф Исихаст
Не очекувај да најдеш радост и одмор во што било што ја натажува твојата душа и ја оддалечува од божествената благодат.
-
Поука од Преподобен Јустин Ќелиски
Сите сонца и сите ѕвезди не вредат колку една душа. Ако човекот ја истроши својата душа во пороци и гревови, нема да може да ја откупи, па дури и да стане господар на сите сончеви системи… Овде на човекот му е оставен еден излез, само еден, и друг нема. Еве го излезот: Богочовекот Христос е…