Манастирот се наоѓа лево од патот што води од Охрид кон Свети Наум, во истоимената населба. Сместен е во ретко убав предел што овозможува убав поглед кон целото крајбрежје на езерото и градот Охрид. Манастирската црква е сместена во природна пештера која е проширена во нартексот, кон надвор, за да може да ги прими редовните посетители, што доаѓаат постојано во голем број.

Точни податоци, за тоа кога е изградена манастирската црква, не постојат. Се претпоставува дека потекнува од XIV век, период кога е во подем анахоретскиот живот на бреговите на Охридското Езеро. Во прилог на ова се и зачуваните фрагменти од стариот живопис.

Покрај манастирската црква изградени се конаци, во кои претстојуваат поклониците, што доаѓаат да се поклонат и да се помолат на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, патронот на овој манастир.

Старешина на манастирот е свештеник Љупчо Симиџиоски, парох на третата охридска парохија при црквата "Св. Богородица" - Каменско.

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3