Јеромонах Вартоломеј

Јеромонах Вартоломеј (Пројкоски)

Старешина на манастирот „Сите Светии“, во с. Лешани, Охридско

Раѓање и школување

Роден е на 3.X 1974 год. во Битола. Завршил средно техничко училиште во Битола, машинска насока. Потоа се запишува на Техничкиот факултет во Битола и на Богословскиот факултет во Скопје.

Замонашување и ракополагања

Замонашен е на 17.I 1998 год. во манастирот „Св. Јован Бигорски“, од страна на митрополитот Тимотеј. За јероѓакон е ракоположен на 18.I 1998 год. во истиот манастир, а за јеромонах на 7.I 2003 год. во црквата „Света Софија“ во Охрид. Од 1998 до 2001 година живее во Бигорскиот манастир. Од 2001 до 2002 година живее во манастирот „Св. Богородица Пречиста“ во Кичево. Додека на 1.VII 2002 год. доаѓа во манастирот „Сите Светии“ во Лешани и на 1.II 2003 год. е поставен за старешина на манастирот. За сето време од неговиот монашки престој од 2001 година, постојана соподвижничка во духовниот и монашкиот живот е неговата мајка Илинка Пројкоска.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК