До денес не се откриени пишувани податоци за нејзиното жвописување, но според изведбата на градењето и според анализата на живописецот оваа црква припаѓа на малите еднокорабни охридски цркви, со помали димензии од времето на XIV век.
Какви биле причините црквата да биде преправена од едно корабна со полукружен свод во еднокорабна со напречен кораб - трансепт, не е познато. Црквата Св. Богородица претрпела повеќе измени и тоа во во XV I, во XV I I век, а последен пат во оваа црква се интервенирало во 1834 г. кога е изведен нов живопис, на малтер нафрлен врз стариот живопис. Во 1959-1960 г. по конзерваторските работи, живописот од X IX век е симнат и се наоѓа како експонт во термот.
Најстарите фрески потекнуваат од XIV век, а сочувани се композициите
,,Поклонување на жртвата", ,,Вознесението" и ,,Балаговестите" , ,,Св. Василие Велики" и ,,Св. Јован Златоуст" - во апсидалниот дел. На северниот ѕид се претставени светите воини: ,,Св. Димитрија", ,,Св. Ѓорѓи" и ,,Св. Нестор", а до самиот иконостас претставата на ,,Дејзис".
Фрескосликарството на непознатиот локален зограф е од подобрите остварувања во Охрид, зографот има голем осет за компонирање на боите.
Иконостасот во оваа црква е богато украсен со стилизирани растенија, плодови и птици и со други мотиви. Работен е во ореово дрво во 1833 г. и е дело на Никола Дарковски Караџовик од с. Лазарополе, а се вбројува меѓу позначајните дела на мијачките копаничари од минатиот век.
Околу црквата се наоѓаат повеќе гробови, секако на монаси или игумени, како и заедничка гробница.