svnikolabolnicki

Недалеку од брегот на Охридското Езеро, до самата Долна Порта, се наоѓаат двете болнички цркви - ,,Св. Никола" и ,,Св. Богородица". Името е добиено според маалото во кое се наоѓаат, по раскажувањето на старите жители дека во стредновековието тука постоела болница.

,,Св. Никола Болнички" е граден од кршен камен, без употреба на тула, и претставува еднокорабна црква со засводен полукружен свод. На нејзината западна страна се наоѓа камбанарија - преслица единствена во Македонија, изградена под влијание на приморската архитектура. Во дворот на оваа црква се наоѓаат остатоците од градските ѕидини, кои од Самоиловата тврдинасе спуштиле до самото езеро.

Црквата за прв пат се спомнува во еден документ за имотот на црквата ,,Св. Богородица Перивлепта"-Охрид, а изградена и живописана е во 1313 год. од непознат зограф.

Со освојувањето на Охрид од страна на Србите во 1334 г. на јужниот ѕид од надворешната страна е изведен живопис, со претстава на портретот на цар Душан, неговата сопруга Елена, синот Урош и Охридскиот архиепископ Никола (кој ќе го круниса Душана за цар во Скопје во 1346 г.)

Во XV век на јужната страна од црквата е дограден параклис од кој денес е сочуван апсидалниот дел со претставата ,,Причестувањето на апостолите".
Меѓу позначајните композиции во внатрешноста на црквата би ги спомнале: ,,Успението на Св. Богородица". ..Влегувањето на Госпот Исус Христос во Ерусалим", а по својот ликовен третман се издвојуваат фигурите на ,,Св. Климент", ,,Св. Никола" и ,,Св. Пантелејмон".

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3