„Господи, денес ѝ се јави на вселената, и Твојата светлина, се покажа врз нас, кои разумно Ти пееме: Ти си дошол и си се јавил, Светлино непристапна“ (кондак на утрена на празникот Свето Богојавление - Водици).

 

На 19.01.2021 годиина, денот кога го прославуваме празникот Свето Богојавление на нашиот Спасител Господ Исус Христос - Водици, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Голем Богојавленски водосвет, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу ви ја пренесуваме во целост. Оваа година, поради пандемијата од коронавирусот, не се фрлаше светиот Крст во водите на Охридското Езеро, но, сепак, водите беа осветени, а со тоа не дозволивме и во овие тешки времиња да се наруши долгата црковна традиција.

Authentic Nike Sneakers | Sneakers

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Пред Богојавление, на реката Јордан се појавил свети Јован Крстител. Јован бил благовесник на Богојавлението и предвесник на доаѓањето на Христа. Каква била таа мисија? Многу значајна и голема. Доаѓањето на Месијата – Избавителот било потребно за народот да се подготви за Неговото доаѓање. Во тоа време, кога доаѓале значајни луѓе – цареви и владетели било потребно народот духовно да се подготви. Оваа голема работа можел да ја изврши само човек со голема и вонредна духовна сила. Токму таков бил свети Јован – голем подвижник, пророк, духовник и светител. Неговиот углед бил извонреден во она време. Стекнал голема доверба кај луѓето. Тој е токму оној, кого пророкот Исаија го нарекол: „Глас кој вика во пустината: Пригответе пат за Господа, израмнете ги Неговите патишта" (Мт. 3,3).


Јован бил свесен за својата мисија. Неговиот глас се слушал на сите страни по Јорданската пустина. Тој личел на лав кој рика во пустината. Неуморно, дење и ноќе тој проповедал покајание и додека крштевал во реката, велел: „јас ве крштевам со вода за покајание, но Оној Кој доаѓа по мене и кому не сум достоен да му ги одврзам обувките ќе ве крсти со Дух и оган" (Мт. 3, 1-12). Доаѓа Месијата и потребно е да се поправат патиштата Господови, односно тоа што е криво да се исправи. Да се поправат искривените човечки навики и морал. Цели планини од гордост и огромните човечки предрасуди и заблуди мора да се откорнат од срцата на луѓето.


Веста за тоа што се случило на реката Јордан стасала и до Назарет. Пристигнал долго очекуваниот момент. Месијата ја започнал Својата служба. Ги оставил Назарет и Својата дрводелска работилница и се упатил кон реката Јордан. По Него пошла голема група на луѓе кои сакале да се крстат од Јован на Јордан. Согледувајќи Го месијата во толпата, Јован извикал: „Еве Го Јагнето Божјо Кое ги зема гревовите на светот" (Јн. 1, 29). Како Го познал, а порано никогаш Го немал видено? Одговорот е: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана на Него" (Јн. 1, 32).


До тогаш небото било затворено за луѓето кои со своите гревови поставиле железна завеса помеѓу небото и земјата. Месијата решил да биде крстен од Јован, иако бил без грев. Тој се изедначил Себеси со грешниците, за целиот свет да го спаси од гревот и да го искупи пред Својот небесен Отец. Го отворил небото кое било затворено илјадници години. Го отворил за сите луѓе – за секого од нас.


Јован крштевал со вода за покајание. Јован бил свесен за тоа и затоа на народот му кажувал дека ќе дојде посилен од него, Кој ќе крштева со Дух Свет и оган. И кога Го крстил Месијата, Јован ги видел небесата отворени и како Светиот Дух слегува во вид на гулаб над Него (Мк. 1, 10). Ова Богојавление е голем знак и претставува помазување со Светиот Дух. На Богојавление, Бог се покажал на секој човек кој се предава на Бога и како најголем дар Божји добива сила од Светиот Дух. Покрај отвореното небо, се слушнал и глас од небото: „Ова е Мојот возљубен Син Кој е по Мојата волја" (Мк. 1, 11). Тоа бил гласот на Бога Отецот, Кој Го претставил Господа Исуса Христа како Месија, односно Спасител на човечкиот род.


Па и ние кои денеска го прославуваме Богојавлението, да ги измениме нашите навики на гордост и себичност, пакост и лукавштина. Да ги израмниме нашите патишта на животот, да отфрлиме сѐ што нѐ оддалечува од Бога, од правдата и од доброто. Да се измиеме со водата на Светиот Дух. Да се напиеме од водата Божја, од Божјата љубов, правда и вистина. Амин.


Богојавление
ман. Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник," Охрид
19.01.2021 год.

 

vodici2021 1vodici2021 2vodici2021 3vodici2021 4vodici2021 5vodici2021 6vodici2021 7vodici2021 8vodici2021 9vodici2021 10

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Ноември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6