„Благородна нива Христова си бил, Георгие, обработена со маченички подвизи и, како преславно богатство, Судијата те положи во небеските ризници, поради твоите извонредни успеси“ (песна од канонот на Утрена на св. вмч. Георгиј).

Воскреснатиот Христос и оваа година благослови и ни даде можност уште еднаш да земеме учество во еден од најторжествените настани во нашата Епархија - свечената струшка литија - еордија, на која илјадници верници од сите краишта, со радост и велелепие го величаат Воскреснатиот Спасител, како и нашиот постојан застапник пред Севишниот Бог - великомаченикот и победоносец Георгиј. Според обичајот, најпрво во утринските часови, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и Администратор Дебарско-кичевски г. г. Стефан, во сослужение на  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Александар Димоски, протоерејот Васко Голабоски, еромонахот Исак, свештениците Ристе Наумоски, Христијан Костоски и Васил Михајлоски и протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Александар Димитријов и Драган Иванов. Наѓата, пак, Епархија, на овој свечен ден се збогати со уште еден свештенослужител, во лицето на магистрираниот теолог Ѓорѓи Наумоски, кој од раката на Архиепископот Стефан беше ракоположен во ѓаконски чин. Од името на Епархијата му го честитаме чинот на Ѓорѓи со желби и молитви за верно и достојно служење на Севишниот Бог. По завршувањето на Литургијата, Архиепископот Стефан се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.

Повеќе...

„Дојдете сите вие што го славите сепразничното, светло и славноВоскресение, пак да го празнуваме светлото торжество на маченикот Георгија, и со пролетни цветови, како непобедлив, да го овенчаме, та, по неговите молитви, да примиме избавување од неволјите и од гревовите“ (хвалитна стихира на Утрена на св. вмч. Георгиј - Ѓурѓовден).

На 06.05.2025 година, денот кога го прославуваме споменот на светиот великомаченик и победоносец Георгиј, во храмот „Св. вмч Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустонијана Прима и Администратор Дебарско-кичевски г.г. Стефан, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовако-гостиварски г. Јосиф, архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофорите Никола Христоски, Ристе Ристевски и Сашо Богданоски и протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Александар Димитријов и Драган Иванов. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Архиепископот Сефан се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

Повеќе...

„Наутро рано подрануваме и наместо миро на Господа песна да Му принесеме, и да Го видиме Христа - Сонцето на правдата, Кој на сите живот им засветли“ (песна од канонот на Воскресение Христово).

 

Во денот кога небесата достојно се веселат и земјата се радува, денот кога стигна најрадонста вест за човештвото, веста за Христовото Воскресение, и ние недостојните се развеселивме, запеавме и празнувавме. И оваа година, во денот на Христовото Воскресение, на 20.04.2025 година, храмовите во нашата Епархија беа преисполнети од илјадници верници, кои дојдоа да ја слушнат веста за Христовото Воскресение и да земат учество во светите Тело и Крв Христови, станувајќи едно со својата глава - Христос Воскреснатиот. Централната прослава во Охрид традиционално се одржа во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, а на полноќната богослужба, со благослов на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и Администратор Дебарско-кичевски г.г. Стефан, чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Никола, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Кирил Јованоски, еромонахот Никодим и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Литургијата беше прочитано и Велигденското послание, испратено до сите верни чеда од Архиепископот Стефан, заедно со членовите на САС на МПЦ-ОА, кое подолу во целост в го пренесуваме. Во неделата попладне, во катедралниот храм „Св. Софија“, беше отслужена Вечерна богослужба, со читање на Евангелието на разни јазици, на која началствуваше Архимандритот Нектариј, во сослужениое на повеќе свештенослужители од нашата Епархија. На Вечерната богослужба уште еднаш беше прочитано Велигденското послание.

Повеќе...

„Големиот војвода на бесплотните ангели, кога се појави во градот Назарет, ти Го навестува, Пречиста, Царот на вековите и Господа, велејќи ти: Радувај се, благословена Марие, чудо недостижно и неискажливо - обновување на луѓето!“ (седален на Утрена на празникот Благовештение на Пресвета Богородица).

 

На 07.04.2025 година, денот кога го прославуваме празникот којшто го навестува спасението на човечкиот род - зачнувањето од Светиот Дух на нашиот Спасител Господ Исус Христос, на празникот Благовештение на Пресвета Богородица, којшто е и празник на нашата света Охридска архиепископија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и Администратор Дебарско-кичевски г. г. Стефан, во сослужение на Митрополитот на Михаловце и Кошице г. Георгиј од Црквата на Чешка и Словачка, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, игуменот Агатон, протоерејот Горан Ставрески, свештениците Димче Азески и Оливер Димитров, еромонахот Никодим, протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски, Александар Димитријов, Драган Иванов и протоѓаконот Марош од Црквата на Чешка и Словачка. Архиепископот Стефан го произведе во чин чтец дипломираниот теолог Гоце Ристески од Охрид. По завршувањето на Литургијата, Архиепископот Стефан се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, во која го истакна значењето на овој велелепен празник за човековиот род, а, истовремено, се заблагодари и на Митрополитот Георгиј, кој дојде да сослужува со нас на овој голем ден за Црквата Христова и за нашата света Македонска православна црква - Охридска архиепископија. Архиепископот Стефан му подари на Митрополитот Георгиј и прекрасна панагија со претстава на охридското Благовештение, празникот на нашата Охридска архиепископија, на што Митрополитот Георгиј возврати со зборови на благодарност за подарокот и за можноста да сослужува во велелепниот храм на Премудроста Божја. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Георгиј го посети манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде што отслужи краток парастос на гробот на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј.  

Повеќе...

Возљубени верни чеда на Дебарско-кичевската епархија, во продолжение ви ја пренесуваме беседата изговорена од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, изговорена на празникот Богојавление на водите на реката Црн Дрим во Струга.

Повеќе...
Страница 1 од 293

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Мај 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31