 
 На 13.11.2023 година, во навечерието на празникот на св. бесребреници Козма и Дамјан и на св. Јаков Костурски, во храмот "Св. Климент Охридски" во Канбера, Австралија, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Радојчо Митрев и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј го произведе свештеникот Радојчо во протоерејски чин, а по завршувањето на Вечерната, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.
 
															


 
  
  
  
 


 
																									 
																									 
																									 
																									 
																									 
																									