„Како на доблесен страдалник и крепок воин на Христа - Царот на сите, псаломски викаме: Радувај се, украсу и убавино на мачениците! Радувај се, светла ѕвездо на Црквата, и бедему и пристаниште на тие кои прибегнуваат кон тебе, славен великомаченику Димитрие! Спасувај ги сите оние кои ти пеат, од секаква необична штета и несреќа“ (седален на Утрена на св. вмч. Димитриј).

 

На 08.11.2024 година, денот кога го славиме споменот на св. великомаченик Димитриј Солунски, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, бешпе отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Александарв Димоски, протоерејот Васко Голабоски, свештеникот Ристе Наумоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Мудро испитан во воздржување, како злато во огнена печка, се покажа уште посветол, преподобен Прохоре. Затоа премина во Небесното царство. Поради ова, со вера славејќи те, викаме: Отче, испроси за нас благодат, милост и очистување на нашите гревови“(седален на утрена на празникот на преп. Прохор Пчински). 

 

На 01.11.2024 година, денот кога го прославуваме споменот на преподобниот Прохор Пчински, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим и свештеникот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Да го прославиме божествениот Лука - проповедникот на вистинското благочестие, и говорникот на неискажливите тајни, црковната ѕвезда, зашто Словото, Кој единствено ги знае тајните на срцата, го избра него, заедно со мудриот Павле, за учител на народите“ (кондак на утрена на св. ап. и ев. Лука).

 

На 31.10.2024 година, денот кога си спомнуваме на големите светила, св. апостол и евангелист Лука и св. Коонстантин Кавасила, во храмот „Пресвета Богородица - Перивлепта“ во Охрид, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, беше отслужена света Литургија, на која служеа протоерејот-ставрофор Александар Димоски, свештениците Љупчо Бакрачески и Васил Михајлоски и еромонахот Никодим. По завршувањето на Литургијата, беше прочитана и беседата од Митрополитот Тимотеј упатена до сите верни чеда. Истата ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

На 28 октомври 2024 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј ги пречека нашите ценети гости од Австрија, кои дојдоа во нашата Татковина за да се запознаат со природните, културните и духовните убавини на нашата земја. Ценетите гости беа предводени од Амбасадорот на Австрија во Македонија, г-дин Мартин Памер, и од Генералниот директор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Мајер. Меѓу посетителите беа и Прелатот г. Антон Хеслингер, старешина на Манастирот Клостернојбург, и проф. Фолфганг Вон Бандион, голем канцелар на католичкиот ред на Свети цар Константин, како и други ценети гости.

Повеќе...

„Си се јавила, преподобна Параскево, како друго сонце на Црквата, осветлувајќи ја со молњите на твоите чудеса, и просветлувајќи ги оние кои со вера ти викаат: Милоста Твоја, Христе, на сите подај им ја“ (седален на утрена на празникот на преп. Параскева - Петка).

 

На 27.10.2024 година, во Осумнаесеттата недела по Педесетница и денот кога го прославуваме празникот на преподобната Параскева - Петка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Драган Шуминоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на храмот „Св. Петка“ во с. Волино, општина Дебрца, Охрид. Храмот започна да се гради во 2010 година, по иницијатива на Ѕвезда Иваноска, а со поддршка на Црковниот одбор од селото. Истиот се изгради со донациите на месното население, на волинската дијаспора и на сите добронамерни верници од пошироката околина. Откако беше осветен храмот, се отслужи и првата Литургија, на којашто присуствуваше голем број верници од селото и од пошироката околина. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 2 од 291

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3