„Откако ги покажа како залудни жестоките зборови на незнабошците, на апостолите кои на Сион го очекуваа Твоето слегување им го даде саканото наследство, печатот на Светиот Дух, на Словото Кое се раѓа од Отецот, Кој слезе во вид на огнени јазици и ги утврди“ (песна од канонот на Утрена во Недела на светата Педесетница).

 

На 16.06.2019 година, во Неделата на светата Педесетница, кога го прославуваме слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, а со тоа и роденденот на светата Црква Христова, во храмот „Св. Троица“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Кирил Јованоски и Јован Димитров, свештениците Ромео Петрески, Љупчо Бакрачески и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, според типикот на православната Црква, веднаш беше отслужена и Вечерна богослужба, на која беа прочитани трите молитви на Педесетница, во кои се помоливме за сите христијани, но и за сите порано упокоени отци, браќа и сестри со надеж за воксресение. На самиот крај, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а потоа се изврши и литија околу светиот храм. 

short url link | 2021 New adidas YEEZY BOOST 350 V2 "Ash Stone" GW0089 , Ietp
Повеќе...

„Венец на благодатта си примил од Бога за твоите страдања, мудар Еразмо, и венчан си потрчал кон Христа, Кого што си Го посакувал постојано, откако си ја отфрлил распадливоста, и си викал: Сите дела Господови, благословете Го Господа“ (песна од канонот на Утрена на св. Еразмо Охридски).

 

Празнувањето на светиот свештеномаченик Еразмо Охридскиот Чудотворец започна на 14.06.2019 година, во манастирот каде овој сведок Божји се подвизувал во Охрид, со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. 

Running Sneakers Store | Women's Nike Air Force 1 Shadow trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

„На Охрид си пофалба, на Велес си украс, на мачениците слава и епископска пофалба, Варлааме, богомудар оче наш и на Христа страдалнику, се венец нетлен се овенча и во висините заблеска. Слава Му на Оној Кој ти даде крепост, слава Му на Оној Кој те овенча, слава Му на Оној Кој преку тебе точи исцеленија“ (тропар на св. Варлаам Охридски).

 

На 10.06.2019 година, на денот кога го прославуваме споменот на светиот Варлаам Архиепископ Охридски, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое се задржа на животот на светиот Варлаам, и неговиот вистински избор на правиот пат, којшто е тесен и тежок, но единствениот којшто води во Царството Небесно. 

latest Nike release | Nike - Sportswear - Nike Tracksuits, Jackets & Trainers
Повеќе...

„Откако ја исполни промислата за наша полза, и земното го соедини со небесното, се вознесе во слава, Христе Боже наш, без да се разделиш од нас, но останувајќи секогаш со нас, и викајќи им на оние што Те љубат: Јас сум (секогаш) со вас, и никој ништо против вас не може“ (кондак на Утрена на Вознесение Христово - Спасовден).

 

На 06.06.2019 година, во четириесеттиот ден по Господовата Пасха, кога го празнуваме сесветлото Вознесение Христово, во манастирот „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) во с. Г. Лакочереј, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, протоерејот Кирил Јованоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. На самиот крај, беше извршена и празнична литија околу светиот храм, а потоа литијата продолжи и до местото каде што е поставен големиот Крст во селото, како благодарност кон Господа за сите направени добрини. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

latest jordans | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp
Повеќе...

„Ти му ги отвори очите на оној што не ја видел сетилната светлина, и му ги просветли очите на душата, и, откако Те позна како негов Творец, направи да Те слави како Бог, Кој се јави како човек од милосрдие“ (песна од канонот на Утрена во Шестата недела по Пасха - на Слепиот).

 

На 02.06.2019 година, во Шестата недела по Пасха - на Слепиот, и на празникот на св. маченици Талалеј, Александар и Астериј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новиот храм „Св. Архангел Михаил“ во с. Ботун, општина Дебарца, Охрид. Откако беше осветен храмот, веднаш беше отслужена и првата света архиерејска Литургија во овов нов Божји дом. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sport media | jordan Release Dates
Повеќе...
Страница 104 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1