„Со архангелите да го воспееме Христовото Воскресение, зашто Он е Избавителот и Спасител на душите наши, и во страшна слава, и во крепка сила, пак доаѓа да му суди на светот што го создаде“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Неделата на Пасха).

 

На 28.04.2019 година, денот на славното и свето Воскресение Христово - Пасха, во вечерните часови, според одамна востановената традиција, во катедралниот храм „Св. Софија“ беше отслужена свечена воскресенска Вечерна богослужба, на која беше прочитано и дел од Евангелието според Јован, во кое го слушнавме сведоштвото на апостолите за Христовото Воскресение. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј, на неизбројниот верен народ, му подели по едно велигденско јајце, и му го честита Торжеството над торжествата и Празникот над празниците, со древниот христијански поздрав: Христос воскресе! 

Sports Shoes | Nike Air Force 1 Low White Grey Gold - CZ0270-106
Повеќе...

„Дојдете да вкусиме од новиот плод на лозјето - радоста божествена и, во овој ден на Воскресение, да се приопштиме кон Царството Христово, воспевајќи Го Него како Бог, во вековите“ (песна од канонот на Утрена на Пасха). 

 

Навистина неизмерно е свештена, сепразнична и спасителна оваа ноќ, која е предвесник на светлоносниот ден на Воскресението. Христос, нашата очистителна Пасха, воскресна од мртвите и ни засветли од гробот како прекрасно Сонце, од Кое сѐ добива живот. Великиот ден на Воскресението Христово го прославува сета Црква, и секое создание се радува на најважниот и најрадосниот чин на спасението на светот од канџите на смртта. И ние, чедата на древната Охридска архиепископија, во нашиот балкански Ерусалим - Охрид, торжествено и  исполнети со радост во срцата и душите, во сите храмови во Дебарско-кичевската епархија ја прославивме Пасхата - преминот од смртта кон животот. Централната прослава на Празникот над празниците беше во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде по објавувањето на Христовото Воскресение, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред почетокот на Литургијата, беше прочитано Велигденското послание, испратено од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, кое подолу во целост ви го пренесуваме. На сите верници им го честитаме најрадосниот ден - Пасхата Христова, со древниот христијански поздрав: Христос Воскресе!  

Sports brands | Nike Running
Повеќе...

„Дојдете да Го видиме нашиот Живот, Кој во гроб лежи, за да ги оживи оние кои лежат во гробовите. Дојдете денес да го видиме лавот од Јуда како спие, и пророчки да Му запееме: Кој ќе Те подигне, Цару, Кој лежиш и спиеш како лав? Но, воскресни самовласно, Господи, Кој Себе се даде за нас доброволно, слава Ти“ (хвалитна стихира на Утрена на Велика Сабота).

 

На 26.04.2019 година, на Велики Петок, во вечерните часови, кога го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена Утрена богослужба на којашто беа испеани и трите статии со кои го опеваме Христовото опело. На Утрената богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

Nike Sneakers | Nike Shoes
Повеќе...

„Кога силите Те гледаа, како измамник клеветен од беззакониците, Христе, трепереа од неискажливото Твое долготрпение, но кога гробниот камен беше запечатен од рацете на оние што Ти ги прободоа ребрата, радувајќи му се на нашето спасение, тие Ти викаа: Слава му на Твоето снисходење, Човекољупче!“ (стиховна стихира на вечерна на Велики Петок).

 

На 26.04.2019 година, на Велики Петок наутро, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беа отслужени царските часови и Вечерна богослужба, на која беше изнесена светата плаштаница. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. 

Buy Sneakers | Air Jordan 4 - Collection - Sb-roscoff
Повеќе...

„Како извор од Рајот, Христе, од Твоите живоносни ребра тече река што ја напојува Твојата Црква - духовниот рај, делејќи се како некогаш на четири Евангелија кои го напојуваат светот, и го веселат созданието, учејќи ги народите верно да му се поклонуваат на Царството Твое“ (стихира на блажени на Утрена на Велики Петок).

 

На 25.04.2019 година, на Велики Четврток во вечерните часови, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена Утрена богослужба, на која беа прочитани дванесетте страсни (страдални) Евангелија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Васко Голабоски, свештеникот Петар Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. 

bridgemedia | Mens Flynit Trainers
Повеќе...
Страница 107 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1