На 08.09.2018 година, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, ги прими учесниците на научниот собир „Традицијата во комуникациите и во духовната култура на Југоисточна Европа (право, економија, природни науки, уметност, литература, јазик)“, организиран од страна на Македонскиот национален комитет за проучување на Југоисточна Европа при Македонската академија на науките и уметностите. Учесниците ги предводеше академик д-р Таки Фити, претседател на МАНУ. Најпрво кон високо почитуваните гости се обрати Митрополитот Тимотеј, кој накратко го објасни историскиот од на манастирот, како едно од нашите најголеми светилишта. По краткиот, но пријатен разговор,  академикот Таки Фити се заблагодари од свое лично, но и од името на учесниците на научниот собир, истакнувајќи дека МАНУ и Македонската православна црква - Охридска архиепископија отсекогаш имале добри релации и взаемна соработка. 

Nike Sneakers Store | Nike for Men
Повеќе...

„Преблажени отче Јоакиме, сјаејќи како ангел со јасниот живот, уште од младоста си станал сад пречесен, издигнувајќи се повисоко од човечкиот живот, богомудри, постојано овенчувајќи ја душата со добродетели“ (песна од канонот на Утрена на преподобен Јоаким Осоговски).

 

На 29.08.2018 година, на празникот на Неракотворниот образ на Господ Исус Христос и на денот кога го празнуваме споменот на преподобниот Јоаким Осоговски, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администартор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Ѓорѓи Блажевски, Љупчо Бакрачески, Александар Димоски и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

url clone | adidas
Повеќе...

„Мноштвото апостоли, на Сион собрани, со свои зборови го придружуваа божествениот и свет ковчег, викајќи: Каде одиш сега, Скинијо на живиот Бог? Не престанувај да бдееш над оние што пеат со вера: Ние, избавените, Го воспеваме единствениот Создател, и Го превозносиме во сите векови“ (песна од канонот на Утрена на празникот Успение на Пресвета Богородица).

 

Празникот на сесветото преселување на Скинијата на Животот, Мајката Божја, беше свечено и торжествено прославен и оваа година, а централната прослава во нашата епархија беше во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид. Празнувањата започнаа во вечерните часови на 27 август, со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Веечрната служба, беше изнесена за целивање плаштаницата на Успението на Пресвета Богородица, над која се пееја статиите од опелото на Пресвета Богородица. Потоа се изврши и литија со плаштаницата околу светиот храм.

latest jordans | off white nike blazer retail shoes Verona Multi-Color DJ5065-144 , Fitforhealth
Повеќе...

„Благи Боже, Кој со Својата светлина ја освети сета вселена, се преобрази на Гора висока, откривајќи им ја на Твоите ученици силата Твоја, бидејќи светот го избави од престапот. Затоа Ти викаме: Милосрден Господи, спаси ги душите наши“ (Литиска стихира на Вечерна на Свето Преображение на Господ Исус Христос).

 

На 19.08.2018 година, денот кога го прославуваме празникот Свето Преображение на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Александар Димоски и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, според вековната црковна традиција, беше осветен новиот лозов плод, од кој ќе биде произведено новото вино, а кое, на чудесен начин, како и самиот настан на светото Преображение, на светата Литургија ќе стане света Крв Христова. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

latest Nike Sneakers | New Balance 530 "White" MR530SG - MR530SG
Повеќе...

„Откако си приникнал во бездната на Божјата Премудрост, оттаму си го нацрпил богатството на божествените писанија, со кое, Клименте семудри, елинскиот глас си го појаснил со македонскиот јазик. Затоа со љубов те славиме“ (стихира по Евангелие на Утрена на св. Климент Охридски).

 

Торжествувањето на великиот проповедник, наследникот на апостолите, кој го упати нашиот народ во Божјата вистина и го направи избран народ, светиот Климент Охридскиот Чудотворец, како и на светиот великомаченик и целител Пантелејмон и на светите Седмочисленици, започна на 08 август, со Празнична вечерна богослужба, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Кирил Јованоски, Горан Ставрески, Александар Димоски и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Во подоцнежните часови, пред моштите на Охридскиот светител, беше отслужен и Акатист на свети Климент Охридски.

Best jordan Sneakers | Nike
Повеќе...
Страница 120 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1