„Како пролет ни засветли - светлото Господово и божествено воскресение, од земната кон небесната Пасха преведувајќи нѐ. Со неа, пак, ни сјае светлозарниот спомен на сеславниот маченик Георгија, што светло го извршуваме, за да се удостоиме за божествената благодат од Спасителот Христа“ (светилен на св. вмч. Ѓорѓи Победоносец).

 

На 07.05.2018 година, ден по празнувањето на светиот великомаченик Ѓорѓи Победоносец, а според одамна воспоставената традиција, градот Струга повторно го прослави својот заштитник, светиот великомаченик Ѓорѓи, прославувајќи го како непобедлив борец, кој со своите храбри подвизи ги весели небесните сили, а нас на земјата нѐ поткрепува и ни го покажува патот на спасението. Торжествениот ден започна со света архиерејска Литургија, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Тоди Јован од Албанската православна црква, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Петре Бојчиноски, Љупчо Бакрачески, Александар Димоски и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита празникот на верниците и ги поучи со пригодно слово.

Nike footwear | Men’s shoes
Повеќе...

„Ти ја заврши трката на свештените страдања и, одејќи кон небото, венценосец нераспадлив се покажа, и се јави како патник благопријатен, Георгие, и со ангелите ликуваш: Да Му пееме на нашиот Бог, зашто се прослави“ (песна од Канонот на Утрена на св. вмч. Ѓорѓи).

 

На 06.05.2018 година, на денот кога го прославуваме свештениот спомен на светиот великомаченик Ѓорѓи Победоносец, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Игор Никовски, свештениците Ѓорѓи Блажевски и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

Mysneakers | Nike
Повеќе...

„Со псалми и песни, луѓето го слават твојот славен спомен, Георгие, кој се покажа светол и чесен, украсен со благодат и слава. Затоа сега се веселат ангелските чинови, а мачениците со апостолите ги слават страдањата на твоите подвизи, и Го воспеваат нашиот Спасител - Христа Бога, Кој те прослави тебе. Него моли Го, да ги спаси и просвети душите наши“ (литијна стихира на Вечерна на св. вмч. Ѓорѓи).

 

Во предвечерието на празнувањето на великиот маченик Ѓорѓи Победоносец, на 05.05.2018 година, во манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Рајчица, Дебар, беше отслужена празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Амдинистратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, игумен на манастирот, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо, Ефросиниј и Кирил, свештениците Љупчо Бакрачески, Миле Ангеловски и Александар Димоски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. Споменот на светиот вмч. Ѓорѓи стана уште попразничен во светата обител во Рајчица, која доби уште еден Христов војник, сестрата Серафима, која од рацете на Митрополитот Тимотеј беше потстрижена во монашки чин. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. На самиот крај, игуменот на манастирот, архимандритот Партениј, од негово име, како и од името на сето монашко братство и сестринство, му подари на Митрополитот Тимотеј патерица од светиот град Ерусалим, посакувајќи му уште долги и богоугодни архипастирски години и мудро раководење со словесното стадо.   

Sports brands | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp
Повеќе...

„Распнат и погребан си бил, Христе, како што си благоволил! Си ја унштил смртта и си воскреснал во слава, како Бог и Владика, дарувајќи му на светот вечен живот и милост голема“ (хвалитна стихира на Утрена во Трета недела по Пасха - на жените мироносици).

 

На 22.04.2018 година, во Третата недела по Пасха - Неделата на жените мироносици, во храмот „Св. Никола“ во Перт, Западна Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Станко Јовановски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Литургијата беше обнародена одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, кој на предлог на надлежниот Митрополит Тимотеј, донесе Одлука за одликување на протоерејот Станко Јовановски во чин протоереј-ставрофор, односно го одликува со право на носење граден крст. Митрополитот Тимотеј го пофали протоерејот Станко за неговата успешна парохиска дејност, како и за придонесот за Македонската православна црква во Австралија, што всушност беше и мотив да го предложи протоерејот Станко за ова највисоко свештеничко одликување. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sports brands | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News
Повеќе...

„Сегашниов Празник е Пасха: Пасха тајна, Пасха божествена, Пасха спасителна, Пасха која во бесмртен живот нѐ преведува, Пасха која отклонува секаква тага од нашите срца, Пасха весела, која на учениците благодат им дава. Затоа Тома викаше: Ти си мојот Господ и Бог, Кој го заплени царството адово“ (стихира на Господи повикав... во Среда од Втора седмица на Пасха).   

 

На 18.04.2018 година, во Средата од втората седмица на Пасха и на празникот Упокоение на свети Методиј Солунски, во вечерните часови, во храмот „Св. Наум Охридски“ во Аделаид, беше отслужена Вечерна празнична богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Потоа Митрополитот Тимотеј, заедно со својата придружба, имаше средба со управата на овој наш македонски храм во Аделаид, на која беа разгледани повеќе прашања и проблеми околу функционирањето на храмот и црковната општина. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

Running sports | Nike Shoes, Clothing & Accessories
Повеќе...
Страница 124 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1