„Христе Боже, за да нè увериш во општото воскресение, пред Твоите страдања, го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и ние, носејќи како децата знаци на победата, Ти викаме Тебе, Победителу на смртта: Осана во висините! Благословен е Оној што иде во името Господово!“ (тропар на Воскресение Лазарево).

 

На 21.10.2017 година, на денот кога го прославуваме споменот на преп. Пелагија, преп. Таиса и на св. мч-чка Пелагија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј го освети храмот „Воскресение Лазарево“ на Градските гробишта во Охрид. Храмот започна да се гради на 29 август 2004 година, по иницијатива на иницијативниот одбор на чело со Митрополитот Тимотеј, а се изгради со особен финансиски придонес на компаниите „Митан-пром“ од Охрид, на чело со г-дин Перо Митан и на „Ремис“ од Охрид, на чело со г-дин Бошко и г-ѓа Олга Илоски, како и со финансиски средства од Дебарско-кичевската епархија Охрид. По осветувањето, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештениците Кирил Јованоски, Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

latest jordans | Nike
Повеќе...

„Распнат и погребан си бил, Христе, како што си благоволил; си ја поразил смртта и си воскреснал во слава, како Бог и Владика, дарувајќи му на светот живот вечен и милост голема“ (хвалитна воскресна стихира глас 2). 

 

На 15.10.2017 година, во Деветнаесеттата недела по Педесетница и на празникот на св. Андреј Јуродив, на св. свешт-мч. Кипријан и св. мч-чка Јустина, беше извршено преосветување на светиот Престол во храмот „Пресвета Богородица“ во с. Ботун, Охрид, а потоа се отслужи и света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Владо Недески и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. 

Sportswear free shipping | Trending
Повеќе...

„Богородице Дево, ти си Гората од Духот оплодена, која Авакум ја виде како на верните им точи сладост целебна. Исцели нè и нас кои на твојот Син Му викаме: Благословен е Бог на нашите татковци“ (песна од канонот на Утрена на Покров на Пресвета Богородица).

 

На 14.10.2017 година, на денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, во капелата посветена на овој празник во Митрополитската резиденција во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Sports News | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp
Повеќе...

Во продолжение, интегрално ви го пренесуваме говорот на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, одржан на свечената Духовна академија, на 30 септември 2017 година, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид. 

 

СТЕФАН,
Архиепископ охридски и македонски

Години потпрени врз векови


Господ Исус Христос го победи светот иго основа Своето Царство - Црквата, за која рече дека портите на адот нема да ја надвладеат .Со тоа вети дека таа, како Негово Царство – ќебиде вечна. Црквата е икона на својот Владетел и Негово вечно почивалиште. Во тоа Царство на Бог Троица, се извршува нашето спасение, нашето осветување и преобразување, нашето обожување. Црквата е домот на Добриот Отец, каде што Неговите синови делат сè со Него и сè што е Неговое и нивно.


Човекот, пак, по природа е создаден за тоа Царство, создаден да биде учесник во Божјата природа. „Надвор од Црквата нема спасение", и самата Црква е спасението.А спасението е откровение на вистинскиот пат, и таа вистина се наоѓа и се открива само во Црквата. Полнотата на откровението постои само во тајната на воплотувањето, бидејќи овде не се открива само Бог, но и човекот. Бог, Кој владее со Своето Царство - Црквата, која ја гледа и споредува со своето Богочовечко тело, го повикува човекот да биде со Него и да биде владетел на сопствената волја и да заедничари со Него. Ако Црквата е телото на Богочовекот Христос, а Самиот Христос е нејзината Глава, тогаш сите ние кои сме повикани да бидеме дел од тој организам, сме свети, како што е Свет нашиот Возглавител.

best shoes | FASHION NEWS
Повеќе...

...Но печалната и мрачна пустиња ми изгледаше светол, радостен, земен рај, кога низ умо ми минуваше во каква состојба се наоѓа мојата татковина, а посебно мојата Струмица, како ги гледаш нашите попови до еден како служат на грчки, а не знаат ниту една грчка буква: ги гледаш во црквата како зборуваат „кириелејсон“ а пак не знаат што зборуваат, а за другите заблуди од таквите простотии да не зборувам, бидејќи не сум во состојба да ги набројам. За сето ова е криво укинувањето на Охридската архиепископија. Кога се сетам, проливам горки солзи и самиот си зборувам: Господи не сакаш ли некогаш да се смилостивиш и над нашиот народ и да го избавиш од таа окајана служба, откако му ја вратиш неговата црква...“ (извадок од писмото на Антим Ризов - Зографски, голем македонски интелектуалец на XIX век).

 

Овој извадок на струмичанецот Антим Ризов, заедно со Прличевата „1762 лето“, од Охрид па до Струмица, и горе на север и долу на југ,го отсликуваат гласот на измачениот македонски народ, кој жеднеел за своја црква и држава. Свеста за возобновувањето на Охридската Светиклиментова архиепископија во овие години на XIX век, силно се развивала кај македонската интелегенција, но и кај сиот македонски народ. Свесни дека само возобновувањето на славната Охридска столица ќе биде единствениот гарант за идентитетот на македонскиот народ, нашите преродбеници се бореле на секој можен начин да ја промовираат идејата за возобновување на Светклиментовата црква, за што, неминовно, поднесувале и големи жртви. Но, овие жртви биле семето за раѓање на нови маченици и херои, кои беспоштедно и со сета сила ќе се борат за своја црква. Такви херои биле и учесниците на Третиот црковно народен собор од 1967 година, кои конечно успеале да ја реализираат оваа долга и мачна борба на македонскиот верен народ. Слушајќи го гласот на паствата, на својата заедница (Црква), учесниците на овој собор носат историска одлука за возобновување на славната Охридска архиепископија, во лицето на Македонската православна црква. Со тоа, не само што се исправува долгогодишната неправда кон македонскиот народ, туку конечно верниот народ добива свештенство кое ќе го поучува на вистините на православната вера на свој мајчин јазик, а нема да се занимава со каква и да е туѓа пропаганда.

Running Sneakers | Nike Air Max 270
Повеќе...
Страница 136 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1